(Видео) Дали децата во „Пулс“ загинаа од цијанид? Родителите ќе протестираат пред Судска медицина ако за 3 дена не добијат одговор
Александар Наунов татко на починатата Надица Наунова, која загина во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска на Маршот за ангелите во овој град, најави дека ако Институтот за судска медицина за 3 дена не им испрати на родителите на загинатите резултати од токсиколошките наоди, со испитаните параметри како присуство и ниво на цијанид, тогаш родителите ќе дојдат пред Институтот за судска медицина и нема да си заминат додека не ги добијат информациите што надлежните повеќе од 1 година им ги кријат.
На 14 јануари 2026 година родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани доставиле барање до Институтот за судска медицина во кое прашуваат дали институтот правел токсиколошки анализи и дали испитувале присуство на цијанид, но одговор не добиле до денеска.
Уште пред 4 месеци тие побарале итна средба со претставници од Судска медицина, но добиле само една колективна средба на која директорот им ветил детални образложенија на секој од нив поединечно, што според Наунов не се случило.
На 16 март 2025 година ни ги однесовте децата во црни вреќи во Скопје за обдукција и не убедувавте дека тоа е задолжителна постапка и дека мора да се утврди детално причината за нивната смрт. Со скршени срца се противевме но со огромна болка ви ги предадовме децата, верувајќи дека институциите ќе ја завршат работата чесно и професионално. Ве чекавме 4 дена во кои не можевме да ги бакнеме за последен пат и да ги испратиме. Зошто? За да ни ги вратите искасапени во сини ќеси, со предупредување да не ги отвораме ќесите. За до ден денеска да нема одговор што точно е анализирано, дали има токсиколошки резултати и која е вистинската причина за смртта на нашите најмили. Зошто правевте обдукција ако не е завршена работата целосно, кого штитите? Државата ли, институциите ли, министерствата ли? Ова е прашање на човечност, професионалност и одговорност кон семејствата кои изгубија се. Ова е неприфатливо сокривање информации од семејства кои имаат право на вистина. Ако наредните 3 дена не добиеме писмен сеопфатен одговор, ќе дојдеме пред Судска медицина и нема да си одиме додека не ни ја дадете вистината што ни ја должите, рече Наунов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Дали децата во „Пулс“ загинаа од…
Александар Наунов татко на починатата Надица Наунова,…
(Фото) Специјалците од Тигар спроведоа заседа –…
Пресечен транспорт на дрога во близина на…
Мицкоски: Во моментов имаме доволно нафтени деривати,…
Земјава има доволно нафтени деривати и во…
Над 100 експерти по меѓународно право предупредуваат:…
Повеќе од 100 експерти за меѓународно право…
„40-ти Марш на ангелите“
„40-ти Марш на ангелите“ се одржа денес,…