(Видео) Две години не е зголемена платата во Министерство за одбрана, министерот рекол дека немаат намера да зголемуваат плата!
Бараме зголемување на бодовите за основна плата за 20%, бараме зголемување, односно ревидирање на системот при што тие ќе бидат врзани за трошоците за живот и инфлацијата во земјата и решавање на статусот на професионалните војници до пензионирање, истакна денеска на преф-конференција Полковник Марио Јурушиќ, претседател на Независниот синдикат на одбрана.
– Во последните две години платата на воениот персонал и вработените во одбраната воопшто не е зголемена. Со измената на Законот за служба во Армијата од 2024 година, се смени системот на пресметка, што значи претходно беше врзана минималната плата и секој раст на минималната плата доаѓаше до нивелирање на платата во Министерството за одбрана.
Со донесувањето на Законот, минималната плата се смени во минимални бодови, при што тој сегмент од Законот, од тој момент сме врзани за бодовниот систем. Зошто ние бараме тој систем да биде врзан со трошоците за живот во земјата? Затоа што од февруари 2024 година до декември, со последната плата, воопшто не се покачени платите во МО. Минималната плата во државата во февруари 2024 година била 20175 денари, минималната плата во декември 2025 година била 24.379 денари, ова се официјални податоци од ДЗС. Кога ќе пресметаме има разлика од 4.204 денари кои претставуваат зголемување од 20,84% од платата.
Ако ја земеме платата на вработените во одбраната, на сите нивоа, професионален војник, цивилно лице, подофицер и офицер, ќе видиме дека платите се потполно исти и во февруари 2024 година и декември 2025 година. Затоа бараме да овој систем се ревидира, бидејќи нашиот припадник не може да ги купи истите работи со таа плата што ги купувал во февруари 2024 година, на некој начин стандардот му е намален. Зборуваме за припадници на одбранбениот систем, систем на кој се темели државата и кадешто може да се случи доколку не се следи состојбата во трендот, отпорноста во одбранбениот систем е загрозена, објасни претседателот на Синдикатот.
Како што истакна Јурушиќ, се бара и решавање на статусот на професионалните војници после пензионирање, бидејќи истите се пензионираат порано од останатите работници, поради бенифицираниот стаж.
– Во делот на професионалните војници, знаете дека завршуваат со 45 години и после им се нуди одредена работа во институции за да продолжат доколку сакаат. Тоа се луѓе со 45 години работен стаж, во кои е вложено многу, биле на професионални мисии, кои се бореле со пожари, спасувале животи и ден денес се на активности, обезбедуваат затвори, витални објекти, таквите луѓе треба да им дадеме шанса да останат во пензија. Ако останат уште неколку години ќе ја исполнат можноста во законот да заминат во пензија со 40 години со пензиски стаж. Има војници кои можат да бидат во борбени единици, логистички единици, да обезбедуваат објекти, тоа е сигурност, објасни претседателот на Синдикатот.
На прашањето на Инфомакс дали е остварена средба со министерот, Јурушиќ истакна дека средба е остварена и дека министерот им кажал дека немаат намера да зголемуваат плати во Министерството за одбрана во наредните две години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Газдите се жалат дека работниците не се…
Македонија е една од државите во регионот…
Независниот синдикат на полицијата утре излегува на…
Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Мартин…
Синдикатот на културата утре ќе одлучи дали…
Советот на Синдикатот на културата на Република…
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно сака да ги излаже…
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје повторно…
Без договор заврши втората средба меѓу Синдикатот…
Без договор заврши втората средба меѓу Синдикатот…