(Видео) Зијадин Села обвинува дека власта му прави притисок со полициски претреси, МВР демантира

t

Видеото кое се појави кај дел од порталите и социјалните мрежи на кое се гледа како полициски службеници го застануваат Зијадин Села од АА предизвика реакции во јавноста .

ТВ 24 денеска побара став и од МВР од каде во дописот наведуваат дека се работело само за рутинска контрола

МВР

– Во врска со видеото за кое прашувате ве известуваме дека на подрачјето на СВР Охрид како и на подрачјата на другите сектори за ватрешни работи се спроведуваат континуирани контроли и проверки во склоп на Оперативната акција „ Локални избори 2025 со цел обезбедување на јавниот ред и мир .

Вчера со реакција но и ФБ статус се огласи и Села.

– Покажувањето моќ со специјални единици со маски или без не може да не исплаши нас во Струга но и секаде каде што има Албанци . Ова се само бескорисни и немоќни обиди . Продолжуваме напред непоколебливи во нашата мисија . Жал ми е за оние кои со ваквите методи мислат дека ќе го свртат вниманието .

Од владината Вреди пак со контра став и партиска реакција во која наведуваат

Вреди

– Зијадин Села е жеден за внимание. Обидите да создаде ситуација во Струга каде што навистина нема и не може да има се разочарувачки и се поврзуваат со коалицијата која со право го носи името на агонизирачкото трио Ахмети, Таравари и Села . Секој обид да се поврзе коалицијата Влен или кандидатот Менди Ќира со каков било вид вештачка тензија е неточен и надвор од секоја политичка логика.

Пред да излезе снимката која се појави по социјалните мрежи претходно еден од лидерите на Вреди односно Изет Меџити пак во тв гостувања посочи дека не ја исклучува можноста Села по изборите да ја напушти НАИ и да стане дел од парламентарното мнозинство но Села ваквите информации категорично ги отфрли и на неговиот Ф.Б профил како невистинити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марија Захарова: Развојот на Буревестник е реакција…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Украдени се уште три бронзени бисти од…

МВР информира дека вчера во 12:00 часот…

(Видео) Зијадин Села обвинува дека власта му…

Видеото кое се појави кај дел од…

(Фото) Злоупотреба на деца во политички цели…

Кандидати за градоначалници се фотографираат и на…

Села негира дека ќе стане дел од…

Изет Меџити вели дека НАИ ќе се…