(Видео) И ние водиме такви разговори со многу држави! Дали амбасадорката Агелер потврди дека покрај Британија и САД разговараат за испрќање мигранти во Македонија?!
Интересно прашање, но и одговор доби амбасадорката на САД, Анџела Агелер во вечерашното гостување во тема на денот на Сител теливизија.
На прашањето како го коментира ставот на опозицијата по однос на прашањето за мигранти од Велик Британија, Агелер посочи дека нормално е Македонија да разговара за мигранти со Велика Британија како што тоа впрочем го прави и САД затоа што и за двете држави ова е клучен проблем во моментот.
Агелер ја критикуваше опозицијата што априори одбива сместување на мигранти во Македонија.
-Не мислам дека многу луѓе во Вашингтон ја следат оваа дебата тука. Миграцијата е огромно прашање. Миграцијата е огромна тема во САД во моментов. И ние водиме такви разговори со многу држави. Тоа е нормално. Значи самото постоење на разговор не значи дека ќе има такви политики. Секако не можам да зборувам за разговори што ги водело Обединетото Кралство. Но претпоставувам дека и тие како и ние, водат разговори со секакви држави. Ова е тема со која државите се борат. И затоа, секако разговорате со пријателите и сојузниците и партнерите како ќе се справуваме со ова заедно. И повторно она, што не мислам дека е корисно е да заземете една страна на кое било прашње, вклучително и за толку важно како миграцијата, само за да добиете политички поени. Не мислам дека е тоа продуктивно. Мислам дека сериозни разговори, сериозни и продуктивни треба да се водат за прашање што е толку важно. Тоа е навистина лоша услуга за граѓаните да се сведе само на политичка тема.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) И ние водиме такви разговори со…
Интересно прашање, но и одговор доби амбасадорката…
Министерот за здравство наложи вонреден инспекциски надзор…
Министерот за здравство наложи инспекциски надзор на…
Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“…
Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд…
Блокиран Евзони поради протест на грчките земјоделци:…
АМСМ информира дека од 18:00 часот, Граничниот…
Цената на струјата поскапува за 6 проценти?!
ЕВН Хоум испратило барање до Регулаторна комисија…