(Видео) Израелската амбасадорка објави како луѓе рипаат во дворот на синагогата, поливаат течност и фрлаат бакља

t

Амбасадорката на Израел во Македонија, Вивијан Ајзен, објави видео-снимка од обидот да се запали синагогата во Скопје.

На снимката се гледаат двајца луѓе како прескокнуваат ограда и се доближуваат до влезот на објектот. Потоа, тие прскаат со запалива течност, по што фрлаат бакља и предизвикуваат пожар.

„Длабоко вознемирувачки антисемитски инцидент во Северна Македонија – прв од 1945 година – ги погодува самите вредности на соживот што ги почитува еврејската заедница. Јас сум на страната на заедницата и ги повикувам македонските власти да ги изведат одговорните пред лицето на правдата“, наведе амбасадорката Аисен, објавувајќи го и видеото на платформата Х.

Од СВР Скопје за МИА изјавија дека во дворот на верскиот објект биле забележани канистар за гориво и траги од горење.

„Веднаш по добиената пријава од полициски службеници излезено е на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, дополнија од МВР.

Еврејската заедница во Македонија го осуди овој чин и апелираше до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани.

„Ова не чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар вз темелните вредности на цивилизираното опоштество – соживотот, достоинството и заемната почит“, стоеше во соопштението до медиумите потпишано од претседателот на Еврејската заедница во Македонија Пепо Леви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Израелската амбасадорка објави како луѓе рипаат…

Амбасадорката на Израел во Македонија, Вивијан Ајзен,…

Дизелот експлодира на пазарите: Европа на работ…

Европската Унија се соочува со сериозен енергетски…

Пад од 4,2% на индустриското производство

Државниот завод за статистика објави дека индустриското…

Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје:…

Кремљ одби да го продолжи велигденското примирје…

Орбан изгуби, опозицијата освои голема победа во…

Со обработени 45,71 проценти од гласовите на…