Објавено на:

(Видео) Инцидент на аеродром во САД: Дрон го прекина сообраќајот во Палм Бич додека полетуваше авионот на Трамп

t

Дрон во непосредна близина на Palm Beach International Airport предизвика итен прекин на воздушниот сообраќај во момент кога претседателот на САД Доналд Трамп полетувал со претседателскиот авион Air Force One.

Инцидентот се случил за време на полетувањето, кога дронот се приближил опасно до леталото, по што веднаш бил воведен т.н. „ground stop“ – целосно запирање на сите операции на аеродромот од безбедносни причини.

Според информации од пилоти на Delta Air Lines, патниците биле известени во текот на летот за блиската средба со дронот, додека во воздух биле подигнати хеликоптери со цел да се провери ситуацијата и да се обезбеди воздушниот простор.

Претседателскиот авион безбедно полетал, а по кратко време сообраќајот бил нормализиран и операциите на аеродромот продолжиле без дополнителни нарушувања. Засега нема информации за повредени лица или материјална штета.

Од Federal Aviation Administration и United States Secret Service сè уште нема официјално соопштение за случајот.

Инаку, Трамп често престојува во своето одморалиште Мар-а-Лаго во Палм Бич, каде и претходно имало безбедносни инциденти, вклучително и вооружен упад во близина на комплексот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Инцидент на аеродром во САД: Дрон…

Дрон во непосредна близина на Palm Beach…

(Видео) Кардиналот кому му беше забранет влез…

Не можејќи да ја прослави литургијата за…

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре…

Возач од Радовиш бил санкциониран откако со…

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема…

„Поготвени сме да чекаме и децении, нема…

Фабрика во Бахреин го потврди иранскиот напад,…

Алба изјави дека две лица се полесно…