(Видео) Итен состанок во Германија по откриен дрон со експлозив на аеродром; се разгледува и можна руска вмешаност
Германскиот Совет за национална безбедност денеска одржа итен состанок по инцидентот на аеродромот Лајпциг/Хале, каде што беше пронајден дрон со експлозивна направа. Истрагата, поради сериозноста на случајот, ја презеде Сојузното државно обвинителство.
Со седницата претседаваше германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој, иако е на одмор, останал во постојан контакт со министерот за внатрешни работи, Александер Добринт, и со останатите членови на владата.
Дронот бил откриен ноќта меѓу вторникот и средата во обезбедениот дел од товарната зона на аеродромот, каде што експерти на Сојузната полиција успешно ја деактивирале експлозивната направа.
Според германскиот магазин „Шпигел“, дронот бил забележан како лета ниско во близина на украински транспортен авион „Антонов Ан-124“. Од безбедносни извори се наведува дека на него биле прикачени околу половина килограм пластичен експлозив „семтекс“.
Во моментот на инцидентот на аеродромот имало повеќе украински товарни авиони. Лајпциг/Хале е едно од најважните европски товарни воздухопловни јазли и се користи како логистички центар за испорака на воена помош за Украина.
Германското обвинителство соопшти дека случајот има „особено значење“ и дека се истражува како можна закана за националната безбедност. Иако во дел од медиумите се појавија сомневања за можна руска вмешаност, истражните органи засега не презентирале докази што би ја поврзале Москва со инцидентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Итен состанок во Германија по откриен…
Германскиот Совет за национална безбедност денеска одржа…
(Видео) Силна експлозија или пробивање на звучниот…
Силен тресок, налик на експлозија, денеска околу…
Инфлацијата во јули изнесува 0,1 отсто, на…
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на…
Во вторник авионска дезинсекција против ларви од…
Град Скопје ги информира граѓаните дека на…
Во Германија пронајдено дрво старо над 1000…
Во регионот Алгој, на југот на Германија…