(Видео) Кавадарци испрати помош за Кичево – две возила и шест пожарникари
По насока на градоначалникот Митко Јанчев, Општина Кавадарци испрати помош за граѓаните во Кичево по поплавите што зафатија повеќе објекти.
Како што информира Јанчев, на терен се упатени две противпожарни возила со шест пожарникари и шест пумпи, како и дополнителна опрема неопходна за испумпување на водата и санирање на последиците од поплавите.
„Солидарноста е нашата најголема сила – кога е најтешко, заедно сме на терен“, објави кавадаречкиот градоначалник.
Со оваа интервенција, Кавадарци се приклучува кон активностите за поддршка на засегнатите семејства во Кичево, каде по обилните врнежи беа поплавени домови, дворови и инфраструктура.
Локалните служби продолжуваат со активности за расчистување на теренот и стабилизирање на состојбата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кавадарци испрати помош за Кичево –…
По насока на градоначалникот Митко Јанчев, Општина…
Сајкоски: Поради долгогодишната неработа од страна на…
Поради долгогодишната неработа од страна на претходното…
ЦУК интевернира во Сарај, Липково, Гостивар, најалармантно…
Според вонредните информации од Центарот за управување…
Поплави во Сарај, активирани се сите надлежни…
По обилните врнежи од дожд, во Општина…
ЦУК: Евакуирана 180 луѓе во Кичево, поплавени…
Обилните врнежи од дожд што ја зафатија…