(Видео) Мециновиќ: Скопјани, излезете во недела – гласајте и земете ја судбината во ваши раце!

t

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, во својата завршна изјава од изборната кампања истакна дека е крајно задоволен од начинот на кој Левица ја водеше својата кампања, позитивно, конструктивно и со јасна визија за промена.

„Успеавме да изведеме една позитивна кампања која ќе влее надеж во време кога состојбата во Скопје е ужасна. Политичарите конечно треба да покажат дека промената е можна и да ја вратат надежта кај граѓаните — мислам дека тоа искрено го артикулиравме пред скопјани,“ изјави Мециновиќ.

Тој упати и апел до сите граѓани да излезат на избори и со својот глас да ја одредат иднината на градот:
„Доколку вие не излезете, ќе излезе некој друг кој ќе ви ја скрои судбината за тоа како ќе живеете во наредните четири години. Излезете и поддржете ја платформата која најдобро ги претставува вашите интереси,“ порача Мециновиќ.

Со оваа порака, Левица ја завршува својата изборна кампања во Скопје, испраќајќи повик за активност, одговорност и промена преку гласање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мециновиќ: Скопјани, излезете во недела –…

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од…

(Видео) Салиу објави фотографии од снимачите во…

Иако е морална и човечка обврска на…

Насилници им се заканувале на млад скопјанец…

24-годишен скопјанец вчера пријавил во полиција дека…

(Видео) Во Тирана протест „Слободата има име.…

Во Тирана денеска се одржа протест во…

Филипче повика на масовна излезност, вели дека…

Вашата сила е во гласањето. Ве повикувам…