(Видео) Митовски: Нека демантираат “лидерите” дека меѓународната заедница им кажала да не си прават “Бајрам на паметот” со широка влада без ДУИ
Кај е ќарот на народот, нели во НАТО ќе се отвореа вратите за инвестиции, за пари, ќе жиеевме подобро? Очигледно ќар нема и на сето тоа капак доаѓа онаа будала европратеник и вика Бугарија од Црното Море до Охрид и ние треба на тој да му овозможиме да дејствува овде во Македонија, вели во денешната епизода на Тешки муабети лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
– Треба да ги ставиме уставните промени на гласање, фино да не поминат. Пак ќе кажам ај да видиме да не се откочи европскиот пат, дали повеќе ќе доаѓате или ќе давате пари или вака кога не малтретирате,а ние се глупираме.
Наша работа е дали ќе имаме друг пат, вашиот пат не побудале, лудаци станавме, од сите страни не напаѓаат.
И прашањето е кој е следниот удар врз нас? Од една во друга замка, што сме ние бели лабораториски глувци? Ај да им кажеме не сакаме да бидеме глувци, доаѓа кажува дека има територијални претенцзии, тоа не е било кој, а тие што се официјално на власт не се оградуваат туку истото го мислат и го кажуваат во завиена форма.
Ај некој да каже Русија од Владивосток до Лисабон, да видиме дали ќе реагираат, вели Јакимовски.
Уредникот а Инфомакс, Александар Митовски ги повикува Ковачевски и Мицкоски да демантираат дека меѓународната заедница нема да поддржи широка коалиција.
– Нека демантираат дали имаат добиено лична порака дека треба да престанат со таквите идеи, да се повлечат и дека таква коалиција водена од бизнис и криминален интерес нема да биде поддржана од меѓуародната заедница, јасно ставено до знаење пред десетина дена.
Само политички неук човек може да смета дека ДУИ нема да биде дел од оваа и барем уште една влада, тие лаги што ги кажуваат на членстото се само лаги и манипулации.
Да постои најава за широка влада, за национален спас, но истите тие информации велат дека во таква влада ќе бидат сите освен ВМРО-ДПМНЕ, Левица и БЕСА…
Во Албанија е разговаран влезот на Алијанса за Албанците во Владата, не само за уставните измени. Сега останува некој да биде шпицен градоначалнинк и да залажува дел од членството, вели Митовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…
Не дека многу ги почитувам или поздравувам…
(Видео) Митовски го „избрка“ Таче од сопствената…
Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија…
(Видео) Аналогијата е случајна: Во помијата за…
Вистинска драма попладнево се случи на заедничката…
Митовски: Шекеринска не верува во актуелното раководство…
Радмила Шекеринска е единствената која излезе неизвалкана…