(Видео) Мицкоски најави намалување на цените на дизелот и бензинот за денар и пол – Имаме најниски цени на гориво во регионот
Очекуваме РКЕ утре да донесе нова корекција на цените, бензините и дизелот да поевтинат за денар и половина, истакна денес на прес-конференција во Владата, премиерот Христијан Мицкоски.
– Она што е важно да се истакне е дека нашите политики не се изолирани, туку се светски трендови. Според последните анализи сме според првите три држави во Европа кои преземале најмногу мерки за регулација на горивата, вели премиерот.

Како што вели Мицкоски, Македонија подготвена ја дочекала енергетската криза.
– Во минатото за владата на СДСМ и ДУИ тоа беше нешто невозможно, вели Мицкоски.
Тој ги повтори мерките за намалување на акцизите и ДДВ за горивата и додаде дека Македонија има најниски цени на горивата во регионот, што беше прикажано и како презентација со официјални мерења.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мицкоски најави намалување на цените на…
Очекуваме РКЕ утре да донесе нова корекција…
Владата ги продолжи мерките за горивата до…
Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната…
Владата ја продолжи кризната состојба до 20…
Собранието денеска на пленарна седница го усвои…
Храната речиси и да не поскапела од…
Цените на основните прехранбени производи во просек…
Нови цени од полноќ: Дизелот поевтинува за…
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…