(Видео) Никој не им кажал дека може да се евакуираат: Ден по екоцидот во Трубарево – скопјани дишат на шкрги, мештаните на Трубарово седат дома, воздухот штетен, фабриката чади

t

Пусти улици и празни куќни дворови – еколошката катастрофа од пеплосаната депонија за електричен и пластичен отпад ги затвори жителите на Трубарево во своите домови.

Иако властите објавија дека жителите на Трубарево можат да се евакуираат во центарот за обука во Идризово, мештаните со кои разговараше ТВ24 ни посочија дека многу од нив и не биле известени оти постои таква можност.

Опожареното ѓубриште беше изгаснато во раните утрински часови, но тоа остана да тлее и доцна попладнето, а беше затрупувано со песок од багери и камиони во текот на целиот ден. Уморот кај работниците кои раководат со механизацијата беше видлив, а зад камерата ни рекоа оти во текот на повеќечасовната работа уништиле 3 маски, но тие особено и не им помогнале.

Токсичната смрдеа се чуствуваше во текот на целиот ден и тоа во повеќе скопски населби. Сепак, Скопјани се уште немаат комплетни информации за квалитетот на воздухот, водата и почвата после еколошката непогода. Првичните наоди за животната средина во Трубарево директорот на ДЗС – Стојанче Ангелов ги нарече лоши, а премиерот Христијан Мицкоски изјави оти немало радијација.

Жителите на Трубарево се во исчекување на нови насоки од властите – колку е загадена животната средина и дали животот во оваа претежно земјоделска населба, може набрзо да се врати во нормала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никој не им кажал дека може…

Пусти улици и празни куќни дворови –…

(Видео) Зеленски потврди: Им нанесевме тежок удар…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари…

Полска одобри присуство на странски војници во…

Варшава – Полскиот претседател Карол Навроцки денеска…

Текстилната индустрија во слободен пад

Текстилната индустрија неколку години е во слободен…

Се користи специјална пена врз песокта за…

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има…