Објавено на:

(Видео) Нов бран напади: Погоден хотел во Дубаи

t

На социјалните мрежи се објавуваат фотографии и видеа од очевидци на кои се гледа облак од чад во близина на хотелот „Фермонт Палм“ во Дубаи, во Обединетите арапски емиррати, јавива ББЦ.

Иранските државни медиуми објавија дека е извршен напад врз Дубаи. Не е јасно точно што е цел на Иран, но во земјата има американско воено присуство.

Станува збор за област каде што се наоѓаат луксузни хотели, популарни меѓу руските туристи. Еден од овие хотели се запалил.

Според локалните медиуми, четири лица се повредени.

Властите во Дубаи потврдија дека инцидентот се случил во зграда во областа Палм Џумеира.

Екипите на службите за итни случаи веднаш биле испратени на местото на настанот, а областа била обезбедена.

Цивилната заштита на Дубаи објави дека пожарот што избувнал е ставен под контрола.

Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека пресретнало нов бран ирански ракети и беспилотни летала, според извештаите на новинската агенција на Емиратите, цитирани од Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нов бран напади: Погоден хотел во…

На социјалните мрежи се објавуваат фотографии и…

Лишени од слобода 15 возачи поради возење…

Полициски службеници на целата територија на државата,…

Неофицијално Ормутскиот теснец е затворен! Цените на…

Цената на нафтата на светските пазари бележи…

(Видео) „Не беше несреќа, беше убиство“: Масовен…

Под слоганите „Не беше несреќа, беше убиство“,…

Aко Груби прозбори, функционерите на сдсм ќе…

СДСМ беше сојузник на криминалот на Груби,…