(Видео) Нов живот на планината: Шар Планина во еуфорија по појавата на мало рисче
По успехот минатата година, кога првпат снимивме мажјак на локалитетот Лешница, денес со огромна радост објавуваме дека и мајка со младенче е регистрирана на територија на Општина Боговиње. Овој историски момент е резултат на долгорочна, упорна и стручно спроведена работа на нашиот тим. А најубавиот дел? Колегата кој ја регистрираше снимката ја доби честта да го даде и името – мајката ја именувавме Сибел, објавија од НП Шар Планина.
Тие споделија и факти за балканскиот рис- дека е територијално животно – секоја единка зазема голема територија, понекогаш и над 40 километри квадратни.
-Тоа значи дека на Шар Планина може да се очекуваат многу мал број стабилни единки, но секој ново потврден рис е огромен чекор напред за видот. Храната на рисот главно се состои од срна, дива коза, зајак, еребица, ситни цицачи и други видови кои се дел од шумскиот екосистем. Популациите на неговиот плен на Шара полека но стабилно растат, што создава подобри услови за опстанок на рисот, велат од НП Шар Планина.
На територијата на НП Шар Планина ловот е целосно забранет, со што директно се придонесува кон заштита на рисот и неговиот плен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Нов живот на планината: Шар Планина…
По успехот минатата година, кога првпат снимивме…
Полски државјанин на „Табановце“ се обидел да…
МВР информира дека вчера во 13:30 часот…
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални…
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко…
Повторно затворен граничниот премин „Евзони“
Околу 14 часот по локално време грчките…
Претреси во Скопје и Куманово поради „злоупотреба…
Поради сомневање за кривично дело „злоупотреба на…