(Видео) Обилни дождови направија хаос по улиците на Варна
Речиси 100 пријави стигнале до попладнево до општина Варна во Бугарија, каде поројни дождови направија хаос по јавните простори и улиците низ градот, пренесува „24 часа“.
Според градската администрација, најголемиот дел од пријавите се однесуваат на поплавени улици, подруми и деловни простории, како и на нефункционални семафори и шахти. Пријавени се и паднати дрвја на улицата „Атанас Калчев“ во населбата Аспарухово.
На видеото на „24 часа“ се гледа како луѓе се обидуваат да се пробијат по улиците, да ги спасат своите возила, а некои се борат и со силниот ветар.
Од Општина Варна појаснуваат дека сите пријави се проследуваат до надлежните општински дирекции и останатите одговорни институции за да ги преземат потребните мерки.
Невремето предизвикало проблеми и во самата зграда на Општина Варна. Поплавени се просториите на секторот „Граѓанска помош“, каде се работело на санирање на последиците.
Во Бургас исто така наврнала голема количина дожд, кој бил проследен со силен ветер. Во Приморско невремето урнало и два балкона од згради.
Бурата ги зафатила и Китен и Лозенец, од каде што исто така пристигнуваат пријави за поплавени улици и паднати дрвја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Обилни дождови направија хаос по улиците…
Речиси 100 пријави стигнале до попладнево до…
Израел почна да копа ровови за крокодили…
Израел започна со копање ровови наменети за…
Грција го блокира новиот пакет санкции против…
Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ денеска не…
Адвокатот на Србинот кој речиси излета од…
Василис Цијарас, адвокат на српскиот бизнисмен Љубиша…
(Видео) Се судрија три возила на крстосницата…
Три возила попладнево се судрија на крстосницата…