(Видео) Околу 850.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради бура
Околу 850.000 домаќинства во Франција останаа без електрична енергија поради бурата Нилс, која го погоди југозападниот дел од земјата, а четири региони – Савоја, Од, Жиронда и Лоар-ет-Гарон – се под црвена тревога поради ризик од силни ветрови и поплави, соопшти службата Метео Франс. Според Енедис, од вкупниот број домаќинства што останаа без електрична енергија утрово, 485.000 се во Нова Аквитанија и 318.000 во Окситанија, објавија француските медиуми.
Во Жиронда, која е под црвена тревога за поплави, околу триесет жители беа евакуирани како мерка на претпазливост. Нивото на водата на Гарон брзо расте, а во Лангон се искачи од 3,80 на 7,06 метри за помалку од 48 часа. Во Кадијак, надмина шест метри и може да ги достигне или надмине нивоата од поплавите од 2006 и 2018 година.
Црвеното предупредување за поплави е продолжено до утре во Жиронда и Лоар-ет-Гарон. Службата Вижикру предупредува на можноста за значителни поплави, споредливи со поплавите од јануари 2022 година. Во Од, каде што е на сила црвено предупредување за ветер, сите училишта се затворени, училишниот и јавниот патен превоз се суспендирани, а парковите и шумите се затворени за посетители. Во текот на ноќта, налети на ветер до 162 километри на час се регистрирани во Бискарос, 157 километри на час во Леж-Кап-Ферет и 132 километри на час во Мијо. Во неколку градови, ветерот собори дрвја, блокираше патишта и го отежна сообраќајот, вклучително и во пошироката област на Бордо. Некои налети на ветер ги надминаа месечните рекорди за февруари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Околу 850.000 домаќинства во Франција останаа…
Околу 850.000 домаќинства во Франција останаа без…
Французин осомничен за силување на повеќе од…
Француското правосудство обелодени уште еден случај на…
Франција и Канада отвораат конзулат во Гренланд
Франција и Канада ќе отворат конзултати во…
(Мапа) ЕУ со зголемено производство на нуклеарна…
Во 2024 година, 12 земји од ЕУ…
Стотици туристи евакуирани поради пожар во хотел…
Десетици луѓе беа евакуирани откако пожар синоќа…