Објавено на:

(Видео) Пожар од катастрофални размери во Хрватска – огнената стихија ги проголта градовите, повредени се борат за живот

t

„Пробавме да не дојде до ваква катастрофа, но тоа беше борба со природата“ – велат пожарникарите. Апокаклиптични сцени се шират на социјалните мрежи од страшниот пожар во Хрватска кај крајбрежниот град Омиш – огнената стихија од планините беснеела цела ноќ кон градовите, пожарникарите спасувале куќа по куќа, а има и голем број изгорени и повредени кои се борат за живот.

Во четвртокот вечер, околу 20 часот, во Хрватска, кај градот Локва Рогозница, во близина на Омиш, избувна силен шумски пожар.

Заради силниот ветер, огнената стихија во текот на ноќта со огромна брзина се ширела кон околните градови, а во раните утрински часови стигнала и речиси до срцето на градот Омиш.

„Зад нас е исклучително тешка вечер, имаме комплицирана ситуација на подрачје од Локва Рогозница до Омиш.

Пожарникарите активно работат на сопирање на пожарот“ – изјавиле од противпожарна бригада, а по информациите од раните утрински часови, биле ангажирани 286 пожарникари со 93 возила и се очекуваат уште напомош.

Илјадници луѓе од зафатените региони беа евакуирани и примени во отворени прифатилишта, а дел од нив се упатувале и кон Сплит.

На многумина кои се здобиле со повреди и изгореници им била пружена медицинска помош.

Околу 14 пациенти се хоспитализирани, од кои 7 се во животна опасност на интензивна нега, но ситуацијата постојано се менува.

Кај повеќето се работи за изгореници, а другите барале лекарска помош заради респираторни тегоби од вдишување чад.

Патот од Омиш во насока кон Макарска е затворен, возилата се пренасочуваат, а според информациите од утринава, ситуацијата на терен уште не е блиску до локализација на пожарот, кој сега стигнал од Омиш до Мимица.

Од температурите кои ги развил оганот, пукал камен, паѓале електрични столбови, улиците биле затрпани со одрони…

Jutarnji.hr утрово околу 9 часот разговараше со раководителот на противпожарната бригада во Омиш, кој изјавил:

„Нема што да се каже, се гледа. Пожарот беше од катастрофални размери. Кога доаѓавме на интервенција, веќе видовме дека е во разгорена фаза.

Заради силните ветрови и конфигурацијата на теренот, оганот се ширеше со голема брзина, а куќите беа загрозени од самиот почеток.

Пожарникарите пробуваа да одбранат куќа по куќа, но оганот преку планината се ближеше до градот. Пожарот дојде до Омиш и изгореа околу 1000 хектари.

Пробавме да не дојде до ваква катастрофа, но тоа беше борба со природата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пожар од катастрофални размери во Хрватска…

„Пробавме да не дојде до ваква катастрофа,…

Семејна драма: Сопруга пријавила дека сопругот ја…

Необичен семеен инцидент е пријавен во Скопје,…

Американскиот носач „Џорџ Вашингтон“ се упатува кон…

Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ што…

НАТО собори дрон што навлезе во воздушниот…

НАТО борбени авиони соборија беспилотно летало што…

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат –…

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, повторно…