(ВИДЕО) Продавачка во Мостар му се спротивстави на напаѓач со автоматска пушка!

t

Храбра продавачка во населбата Залик во Мостар спречи обид за грабеж на продавница, спротивставувајќи му се на напаѓач вооружен со автоматска пушка, јавија локалните медиуми.

Инцидентот се случил синоќа околу 20 часот. На снимките од надзорните камери се гледа како маж облечен во црна јакна влегува во објектот, а по кратко време од под јакната вади автоматска пушка.

Наместо да се повлече, вработената застана пред него, по што дошло до турканица и борба за оружјето.

Напаѓачот во неколку наврати немилосрдно ја удрил жената со тупаница во предел на главата, но таа не попуштила во намерата да го разоружи.

Во еден момент од пушката бил испукан рафал, но за среќа нема повредени лица.

На местото на настанот излегле припадници на Полициската управа Мостар, кои извршиле увид.

Полицијата во моментов презема интензивни активности за утврдување на идентитетот на сторителот и негово приведување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Продавачка во Мостар му се спротивстави…

Храбра продавачка во населбата Залик во Мостар…

Битолчанка претепала продавачка и ограбила продавница

Битолчанка со закана и физичка сила ограбила…