Објавено на:

(Видео) Протести во Куба: Граѓаните палат барикади поради недостиг од струја и гориво

t

Стотици демонстранти синоќа излегоа на улиците во повеќе населби во Хавана, блокирајќи патишта со запалени купови ѓубре, удирајќи во шерпи и извикувајќи пароли поради честите прекини на струја и недостигот од гориво.

Присутните извикуваа „Вклучете ја струјата“ и „Народот, обединет, никогаш нема да биде поразен“.

Протестите главно поминаа мирно, но претставуваат најголема поединечна ноќ на демонстрации во Хавана од почетокот на енергетската криза што ја погоди Куба во јануари.

Кубанскиот министер за енергетика и рударство, Висенте де ла О Леви, претходно изјави дека државата останала без дизел и мазут и дека електроенергетската мрежа е во „критична“ состојба.„Апсолутно немаме гориво и апсолутно немаме дизел. Немаме резерви“, рекол министерот за државните медиуми.

Според неговите информации, во делови од Хавана прекините на струја траат меѓу 20 и 22 часа дневно.

Властите наведуваат дека системот моментално функционира исклучиво благодарение на домашна сурова нафта, природен гас и обновливи извори на енергија.

Енергетската криза дополнително го засили незадоволството кај населението, кое веќе се соочува со недостиг од храна, гориво и лекови.

Американскиот претседател Доналд Трамп во јануари воведе блокада кон Куба и се закани со царини за земјите што испорачуваат гориво на островската држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Протести во Куба: Граѓаните палат барикади…

Стотици демонстранти синоќа излегоа на улиците во…

Трамп се шегува дека американската морнарица ќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп се пошегува во…

Трамп потпиша нови санкции против Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна…

САД дозволуваат руски танкер со нафта да…

Владата на Соединетите Американски Држави ќе му…

Трамп: Преправајте се дека не го кажав…

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот, за…