(Видео) Се намалува акцизата за горива, продолжува мерката за намалено ДДВ – Се трошат 2 милиони литри на ден, соседите полнат гориво во Македонија
Ја продолжуваме до крајот на кризната состојба мерката за намалување на ДДВ за горива од 18 на 10%, истовремено донесовме одлука со којашто преку оваа кризна состојба на РКЕ ѝ се овозможува да ги намали акцизите за дизелот за 4 денари, а за бензинот за 2 денари по литар, соопшти денеска по вонредната седница на Владата, премиерот Христијан Мицкоски.
Мицкоски соопшти дека без овие мерки горивата би достигнале над 100 денари.
ОКТА ќе го продолжи својот месец до крајот на месец април, соопшти премиерот и додаде дека цената за дизелот ќе биде иста како и до сега, а за бензинот има дополнително намалување од 2 денари по литар.
– Потрошувачката достигнува два милиони литри на ден, на одредени бензински пумпи потрошувачката е тројно зголемена поради притисокот од граѓаните на соседните држави кои доаѓаат да полнат гориво поради пониските цени, вели премиерот.
Според Мицкоски нема потреба од мерки, бидејќи во разговор со пазарот било утврдено дека има доволно горива и домашните потрошувачи нема да бидат загрозени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Се намалува акцизата за горива, продолжува…
Ја продолжуваме до крајот на кризната состојба…
Германија разгледува укинување на ДДВ за храна,…
Поради зголемувањето на цените на горивата, расте…
Кривична пријава против правно и физичко лице…
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица,…
ДУИ: Промена на правилникот за цени на…
Демократската унија за интеграција обвинува дека граѓаните…
Србија ја продолжува Уредбата со која се…
Владата на Србија ја продолжи Уредбата за…