(Видео) Слаба посетеност на Мечкин Камен за Илинден

t

Полупразен беше просторот на Мечкин Камен во Крушево, каде што се одржа централната манифестација за чествувањето на 122 години од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ.

Годинава, настанот помина со мала посетеност од граѓани, а меѓу малубројните присутни, речиси и да не се забележуваше државното знаме. Наместо тоа, се вееја знамиња со сонцето од Вергина.

Владината делегација и претседателката Гордана Силјановска Давкова, беа пречекани со аплауз, а исвиркана беше делегацијата на СДСМ и лидерот Венко Филипче, како и претсавниците на Левица.

Во својот говор, претседателката упати остри критики кон Европската унија. Рече дека се соочува со криза во лидерството и недостиг на демократија. Според неа, недозволиво е во Европскиот парламент да се оспоруваат јазикот и идентитетот на една нација и да се билатерализира процесот на евроинтеграција.

И денес забележувам остатоци од старата Европа, уморна од проширувањето, којашто од нас бара храбри отстапки, без да има храброст да им се спротивстави на двојните стандарди, Европа којашто дозволува билатерализација на нашата интеграција и толерира блокади поради идентитетски и историски прашања, Европа којашто ги менува правилата на игра по барање на членка, рече Силјановска-Давкова.

Таа додаде дека патот кон ЕУ не е напуштен, бидејќи „отсекогаш сме дел од Европа“. Се осврна и на длабоките проблеми во државата, корупција, организиран криминал, партизирана администрација. Рече дека несанкционираната одговорност и неказнивоста го руинираа судството, предизвикаа масовно иселување, ги нарушија меѓуетничките и меѓучовечките односи, продуцираа катастрофи и трагедии.

Мора да го искорениме плевелот на корупцијата и на криминалот. Никој не смее да биде недопирлив, ниту поранешен, ниту актуелен функционер, судија или влијателен бизнисмен. За правдата да биде неселективна и навремена, потребни се длабоки реформи во правосудството, а тие почнуваат со европска правна рамка, но и со европски критериуми на регрутирање, како и со европски стандарди на функционирање и одговорност, рече претседателкта Силјановска Давкова, порача Силјановска-Давкова.

Но, нејзините пораки ги проследија малкумина. Дел од присутните си заминаа додека официјалните делегации полагаа цвеќе на споменикот на Мечкин Камен, пред обраќањето на Претседателкaта. Претходно, граѓаните испратија порака за единство.

-Не сме обединети, тоа некој треба да го стори, инаку – нема да нѐ биде. Не треба да се делиме, треба да одиме по единствен пат. Еве, денес е празно. Ова е жално. Пред 20 години овде беше преполно од народ, рекоа граѓани.

Иако годинава изостана масовноста на посетители, најбројна беше коњаницата. Сепак, забележливо беше и зголемено полициско присуство, како и редари и обезбедување на Мечкин Камен во Крушево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Слаба посетеност на Мечкин Камен за…

Полупразен беше просторот на Мечкин Камен во…

Меџити од Бутел сака да биде градоначалник…

Се уште е нејасно каде живее вицепремиероот…

Следно се тепачки во автобуси: Скандирањата во…

Скандирањата во Куманово вчера се поразот на…

Вулканска ерупција на Камчатка за првпат по…

Вулкан на рускиот далечен исток еруптираше за…

Македонците оставаат милиони евра во Фри-шоповите кај…

Македонските фри-шопови на патните гранични премини остануваат…