(Видео) Со албански и американски знамиња се протестира за правосуден испит на албански јазик
Од Камениот мост во Скопјe денес започна протестот на студентите кои бараат да го полагаат правосудниот испит на албански јазик. Истиот продолжи до Министерството за правда.
Студентите повикаа на масовно учество од граѓаните, бидејќи како што велат, ова не е само нивна „борба“, туку е „борба“ за заштита на јазикот.
Вчера, премиерот Христијан Мицкоски, ги увери студентите дека ќе најде решение за нив, апелирајќи до нив да не стануваат алатки на ДУИ.
„Им гарантирам на студентите дека како што се пронајдени многу решенија за многу предизвици и многу пропусти од минатото, така ќе се најде соодветно решение и за ова. Мислам дека тие веќе го знаат тоа и апелирам да не си дозволат да бидат алатки во рацете на политичка партија која сè уште живее во сеќавањата на минатото, односно во минатиот век“, рече Христијан Мицкоски.
Од друга страна, портпаролката на ДУИ, Арта Биљали Зендели, изјави дека гаранциите за правата важат само за време на кампања.
„Гаранциите за правата очигледно важат само за време на кампањата! По кампањата нивниот глас не се слуша, но гласот на студентите не запира пред дискриминацијата, ароганцијата и мајоризацијата. Денес, студентите се на патот кон достоинство“,
рече Биљали Зендели.
Еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, изјави дека политиката за јазикот во Северна Македонија, за жал, е регулирана со половичен закон.
„Половичните закони даваат половични решенија. Затоа протестот е повик за свесност за сите политички и општествени чинители кои мора да придонесат за подобри законски решенија и долгорочни институционални политики во земјата. Наместо политизација,
повикувам на свесност, затоа што студентските протести секогаш се аларм за општествени феномени со кои политичките структури имаат обврска да ги третираат во целост“,рече Meџити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Со албански и американски знамиња се…
Од Камениот мост во Скопјe денес започна…
Протести во Скопје поради неполагањето на правосуден…
Утре (06.04.2026), со почеток во 12:30 часот…
Посебен сообраќаен режим во недела во Скопје
Во недела во Скопје ќе има посебен…
Во еден ден прегазени тројца пешаци –…
МВР информира дека вчера околу 12:00 часот…
Утре и во среда посебен сообраќаен режим…
Министерството за внатрешни работи известува дека утре…