(Видео) Српскиот министер Селаковиќ пречекан пред судот со свирежи и со скандирања: „Мафијата во затвор, министри крадци!“

t

Студенти и граѓани се собраа пред Специјалниот суд утринава по повод почетокот на судењето за одговорните за случајот „Генералштаб“, помеѓу кои е и министерот за култура на Србија, Никола Селаковиќ, обвинет за злоупотреба на службена должност и за фалсификување документи, објави „Нова“.

Селаковиќ пристигна во судот, а беше пречекан со свирежи и со скандирања „Мафијата во затвор!“ и „Министри, крадци!“.

Студентите во блокада на белградските факултети претходно најавија собир пред Специјалниот суд на улицата „Устаничка“, по повод почетокот на судењето за одговорните во случајот „Генералштаб“, кое започнува утрово во 10 часот.

Студентите подготвиле писмо што ќе му го предадат на Специјалниот суд, а за „Нова“ ја откриле неговата содржина.

Студентите, обраќајќи му се на Специјалниот суд по повод почетокот на главната расправа за случајот „Генералштаб“, нагласуваат дека не сакаат да влијаат врз судската одлука, туку да го истакнат јавниот интерес за постапка од големо значење за владеењето на правото и за заштитата на културното наследство, бидејќи според Обвинителството, при укинувањето на статусот културно добро на комплексот биле прекршени клучни одредби од Законот за културно наследство и Уставот на Србија, како и дека постои основано сомневање за злоупотреба на службената положба и фалсификување службени исправи, при што исходот на случајот може да има пошироки системски последици врз функционирањето на институциите и довербата на јавноста, па затоа очекуваат судот целосно да ја утврди фактичката состојба и законито и транспарентно да одлучи врз основа на доказите.

Во постапката се обвинети министерот за култура Никола Селаковиќ, секретарката во Министерството за култура Славица Јелача, в.д. директорот на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата Горан Васиќ и в.д. директорот на Заводот за заштита на спомениците на културата на Град Белград, Александар Ивановиќ, соопшти претходно Јавното обвинителство за организиран криминал.

Осомничените се товарат дека сториле две кривични дела – злоупотреба на службената положба и фалсификување службена исправа – при укинувањето на статусот културно добро на зградите на „Генералштабот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Српскиот министер Селаковиќ пречекан пред судот…

Студенти и граѓани се собраа пред Специјалниот…

Аларм за егзистенцијално прашање за државата –…

Последните јавни контрадикции меѓу премиерот и неговите…

Занаетчиите се против минимална плата од 600…

Ако минималната плата се зголеми на 600…

Гордана Сиљановска-Давкова: Македонското население до 2070 година…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на…

Мицкоски за блокадите на граѓаните без возачки…

Премиерот Христијан Мицкоски, коментираше за протестите од…