(Видео) Студентите во Белград го блокираа РТС, дојде до тепачка со полицијата

туденти и граѓани во Белград веќе трет ден ги блокираат зградите на Радио-телевизија Србија (РТС) на улицата Таковска и Кошутњак. Како што објавија студентите на социјалните мрежи, полицијата утринава успеала да ги внесе вработените во зградата на јавниот сервис, но дошло до тепачка со студентите.
Насобраните скандираат „Народна полиција“ и ги држат рацете нагоре како знак дека сакаат мирен протест.
Студенти од универзитетите во Белград и Нови Сад во понеделникот вечерта организираа блокади на Радио Телевизија Србија и Радио Телевизија Војводина, незадоволни од известувањето на двата јавен сервис за студентските протести и општествено-политичката криза во земјата, а во исто време најавија протести „до понатамошно известување“.
ПОТРЕБНИ СТЕ НАМ, КРЕНУЛО ЈЕ ГУРАЊЕ
pic.twitter.com/NEcNrRn51T
— Правни у блокади (@blokadapravni) April 16, 2025
Раководството на РТС вчеравечер преку соопштение оцени дека студентите „незаконски го блокираат“ јавниот сервис.
„Блокирањето објекти и спречувањето на вработените во јавниот сервис да ја вршат работата за која се законски одговорни претставува неприфатлив притисок врз медиумите во кои граѓаните со години покажуваат најголема доверба“, објави РТС.
Директорот на РТВ Горан Караџиќ употреби поинаков речник, оценувајќи дека студентите преку блокадата ги „киднапирале“ вработените во медиумската компанија, а нивната акција ја нарече „тероризам“. Додека протестот и блокадата во Белград продолжуваат и се одвиваат без инциденти, РТС продолжува да ја емитува својата програма без прекин.
Студентското движење излезе на бранот протести предизвикани од смртта на 16 лица во урнатата настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, а од властите бараат кривична и политичка одговорност за трагедијата и бараат борба против корупцијата и непристрасно дејствување на институциите без политички притисок и влијание.
Policija sprovodi zaposlene RTS sa Palilulske pijace do ulaza "Ćevabdžinica". Jadna je vlast koja je to naredila. Jadna. pic.twitter.com/ENl79kBpHD
— Здравко Јанковић
(@zdravkojankovic) April 16, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Студентите во Белград го блокираа РТС,…
туденти и граѓани во Белград веќе трет…
Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди американските…
Ќе има ли правда? Еден месец од…
Денеска се навршува еден месец од трагедијата…
Кос му одговори на Мицкоски: Никој не…
Никој не може да и даде гаранции…
Денеска е Велика среда
На Велика Среда се одбележуваат три значајни…