(Видео) Таткото на починатото новороденче на ГАК почнува судска постапка против клиниката
Таткото на починатото бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) Јасир Илјази, во изјава за „Слободен печат“ попладнево рече дека семејството почнува судска постапка против Клиниката за смртта на нивното бебе. Изјава даде и мајката на бебето и неа ќе ја емитуваме утре.
-Ми се јави жената и ми вели дека почина бебето. Знам дека моето бебе нема да се врати, ама не сакам други татко или мајка да го имаат овој случај што го имавме ние, рече тој.
Изминатите два месеца никој од Клиниката не го известил семејството дека случајот со смртта на нивното новороденче бил разгледуван од Комисијата за квалитет.
-Вчера вашиот број е првиот од кој ми се јавија да зборуваме што се случило со бебето. Досега никој не се јави и не кажа. Јас веќе од вчера, откако слушнав за оваа работа, не сум спиен. Сите што имаат деца знаат како е, рече Илјази.
Кога бебето било однесено на обдукција, им било кажано дека ќе му се јават за 2,5 месеци до 4 месеци. Резултат од обдукцијата сè уште нема. Таткото вели дека не присуствувал при постапката за реинтубација на бебето која е наведена во интерните документи на ГАК како спорна.
-Ја оставивме работата дека така му било пишано од Господ на бебето. Немавме луѓе, немавме со кој да зборуваме. Да ти кажам искрено дека вчера за првпат видовме дека со нашето бебе не било тоа што го мислевме ние, посочи Илјази.
Како што објави „Слободен печат“, бебето кое имало шанса за живот, починало на интензивна нега на ГАК на 1 октомври годинава.
Документите до кои дојде „Слободен печат“ покажуваат дека внатре во болницата, самата началничка на одделот за интензивна нега, д-р супспецијалист Елизабета Петковска, ја пријавила педијатарката од одделот, д-р Емилија Бадева дека „нејзиното несоодветно лекување предизвикало компликации од кои умрело бебето“.
Според пријавата која била разгледана од Комисијата за квалитет во болницата, реинтубацијата на бебето траела 20 минути и притоа на бебето му било распарчено грлото.
Случајот го истражува Обвинителството и СВР Скопје, а Министерството за здравство најави стручен надзор. Управата на болницата два месеци не информирала никој за случајот, иако воделе интерна процедура со која педијатарката ја префрлиле на друг оддел.
Извор: Слободен Печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Таткото на починатото новороденче на ГАК…
Таткото на починатото бебе на Клиниката за…
Вучиќ: Остануваме на патот за ЕУ, ама…
„Луѓето не разбираат колку сме блиску до…
(Видео) Кражба на велосипед во скопски Капиштец
Скопјанец кој останал без велосипедот откако го…
Јована Тренчевска и Александар Трајановски нови потпретседатели…
На седницата на Централниот одбор на СДСМ…
МВР отвора посебен шалтер за „Безбеден град“
Министерството за внатрешни работи извести дека од…