(Видео) Трагедија во Швајцарија: Лице се полило со бензин и се запалило внатре, има загинати
Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени во голем пожар што избувна во автобус во швајцарскиот град Керцерс, на околу 19 километри западно од Берн, пренесуваат медиумите.
Инцидентот се случил околу 18:25 часот, додека автобусот превезувал патници. Полицијата преку социјалните мрежи потврди дека има загинати и повредени лица.
На местото на несреќата брзо пристигнале пожарникари, полиција и медицински екипи. Фотографии од теренот покажуваат дека автобусот целосно изгорел.
Причината за пожарот засега не е позната, а полицијата апелираше граѓаните да се држат подалеку од местото и да ги следат упатствата на службите.
Според неофицијални информации, пожарот избувнал откако едно лице се полило со бензин и се запалило во автобусот. Швајцарската новинска агенција „Кистон-АТС“ јави дека едно од повредените лица било пренесено со хеликоптер во болница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Трагедија во Швајцарија: Лице се полило…
Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени…
Македонски државјанин пукал вчера од автомобил кон…
Осомничениот од своето возило испукал најмалку еден…
(Во живо) Тошковски: Починатата жена дента разговарала…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска…
Легендарно: Нашинец во Швајцарија крадел за да…
Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен изрече…
Швајцарија ќе исплати по 56.000 долари за…
Швајцарските власти најавија финансиска поддршка за повредените…