(Видео) Трендафилов објави видео за посетеноста на протестот за повисоки плати

t

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, на својот фејсбук-профил објави видео на кое се гледа посетеноста на вечерашниот протест на кој побараа зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите плати за сто евра.

Видеото е направено на крстосницата кај „Палома бјанка” (меѓу улиците „Димитрије Чуповски“ и „Даме Груев“) во центарот на Скопје, трае 4 минути и 17 секунди и на него се гледа целата поворка на учесници која во тој момент се движи од Собранието кон Владата.

Трендафилов под видеото напиша ироничен коментар:

„Се собравме пет, шест луѓе и си правевме чамче муабет“.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека на вечерашниот протест на работниците во организација на ССМ биле присутни едвај околу 1 000 лица.

Со тоа, како што велат од партијата, т.н. борци за работнички права, како Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) и Левица, заедно со нивните синдикати, поточно со ССМ, ја покажале својата сила на протестот.

Вечерашниов протест во организација на ССМ, кој почна од пред Работничкиот дом, заврши пред Владата каде работниците симболично им го свртеа грбот на функционерите што работат во таа зграда

За обвинувањата дека протестот е политички мотивиран, рекоа дека денеска ги собрала маката, а не политиката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Трендафилов објави видео за посетеноста на…

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија…

Русија прифаќа средба Путин-Зеленски, но само под…

Москва ја условува можната директна средба меѓу…

Фицо бил шокиран од менталната состојба на…

Словачкиот премиер Роберт Фицо им кажал на…

Црна Гора ризикува недостиг од гориво поради…

Црна Гора ризикува да се соочи со…

Рубио: САД сакаат промена на режимот во…

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, не…