(Видео) Филипче: Мицкоски нема капацитет да ја води Владата, нека види пример како работеле нашите влади за време на кризите

t

Мицкоски да си ја надмине суетата, нема капацитет да ја води Владата, му порача претседателот на СДСМ Венко Филипче, на премерот Мицкоски, на денешната прес-конференција.

„Нека види премиерот во архивите на Владата како работеле нашите влади за време на кризите и нека им излезе во пресрет на граѓаните. Се надевам дека ќе си ја надмине суетата и ќе сфати дека ниту има визија, ниту има капацитет да ја води владата кога укажавме дека овој буџет којшто го предлага оваа влада ниту е развоен, ниту има капацитет да се справи со евентуална криза“, порача Филипче.

Претседателот на СДСМ критикуваше дека Владата не презела ниту една мерка за да им помогне на најзагрозените категории граѓани, додека другите земји во регионот веќе спроведуваат конкретни решенија.

„За жал Владата не направи ништо не воведе ниту една мерка да им помогне на овие категории на граѓани. Гледаме како земјите во регионот се справуваат. Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата. Но не сака да се скрати од сопствените приходи од луксуз. Затоа што кога ќе намалите ДДВ на нешто на што цената веќе основата цена пораснала, вие не го намалувате приходот во буџетот, во најмала рака останува ист, значи има пари за луксузирање на владата а нема директна помош кон граѓаните. Дополнително оваа мерка само со намалувањето на ДДВ-то на горивата никако не ја чувствуваат како бенефит компаниите, предупреди Филипче.

Тој апелираше дека мерките на СДСМ се единствениот начин да се обезбеди реална помош за граѓаните.

„Со намалување на ДДВ-то на горивата и основните прехранбени производи на 0%, намалување на акцизата за 4 денари и намалување на цените на патарините ќе има вистинско поевтинување. Со намалување на акцизата, цената на литар гориво ќе се намали. Од тоа директна бенефит ќе имаат и компаниите, нема да влијае тоа дополнителниот синџир на раст на другите цени на коишто бизнисот влијае поради тоа што се случува со поголема цена на горивата. Мора да им се олесни на луѓето во оваа тешка криза. Посебни мерки за социјално загрозените, луѓе со посебни потреби, најсиромашните пензионери, луѓе со ниски примања и семејства со повеќе деца. Се тоа што ние го правевме за време на кризите“, заклучи Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Филипче: Мицкоски нема капацитет да ја…

Мицкоски да си ја надмине суетата, нема…

Владата го намалува ДДВ-то за горива –…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владините…

Владата утре ќе носи вонредни мерки за…

Владата утре на вонредна седница во 12…

Српската влада ослободува 40.000 тони дизел од…

Српската влада денес одлучи да ја продолжи…

ДУИ бара Владата да го разреши министерот…

Она што го предупредуваше ДУИ веќе се…