(Видео) Филипче најави протести, ако не помине резолуцијата против примање на мигранти
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави нов институционален чекор за одбрана на Македонија од планираниот прием на мигранти. Филипче истакна дека по петицијата која веќе е започната, следува и парламентарна акција со цел заштита на државните интереси.
„Денес најавувам и нов чекор. После оваа петиција, ќе излеземе во Собранието и ќе бараме изгласување Резолуција за ова да го запраеме. Тоа ќе биде вториот чекор.“ рече Филипче.
Претседателот на СДСМ образложи зошто е потребно Собранието да реагира и да донесе одлука во интерес на државата.
„Дали Македонија, земја која не може да исплати плати, да одржи базичен ред дома, може да се справи со оваков наплив на мигранти? Дали економски ова може да се издржи? Одговорите сите ние ги знаеме. Затоа ги повикувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја прифатат Резолуцијата. Така ќе избегнеме ‘мислевме, рековме, кој лаже, кој не лаже’. И тоа ќе биде доволно, а не да им веруваме на празните зборови, “ истакна Филипче.
Тој додаде дека доколку Резолуцијата не биде поддржана, партијата ќе продолжи со други демократски механизми, вклучувајќи поширока мобилизација на јавноста.
„Доколку ВМРО-ДПМНЕ не излезе и не ја прифати оваа Резолуција, ќе бидеме приморани понатаму да се бориме со сите демократски средства. Еден од нив е да ги повикаме сите граѓани на еден голем народен протест. Заедно, обединети, сплотени, да го блокираме процесот на носење мигранти во Македонија. Борбата нема да застане. Ова е борба за Македонија.“, потенцираше претседателот на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Филипче најави протести, ако не помине…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави нов…
Филипче: Договор има, Мицкоски за пари прифаќа…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…
Жерновски: Mигрантите ќе се движат слободно низ…
Со примањето на мигрантите, владата ќе направи…
СДСМ: После Албанија и Косово, следна дестинација…
„Не се само британските медиуми, многу светски…
Пронајдени пет мигранти од Египет кај Гевгелија,…
Полицијата уапси едно лице за криумчарење мигранти…