Објавено на:

(Видео) Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека со Христијан Мицкоски на чело на Владата има драматичен пад на директните странски инвестиции од 61 отсто, односно намалување од 729 милиони евра во 2025 година во споредба со 2024 година.

„Во 2024 година има рекордна вредност на директни странски инвестиции од 1.196.000.000 евра, а сега во 2025 година само 467 милиони евра. Тоа е резултат на економската политика на оваа Влада – едноставно дебакл“, изјави Филипче, повикувајќи се на податоци од Народната банка.

Тој нагласи дека бројките значат работни места и благосостојба, посочувајќи дека во време на владите на СДСМ биле отворени 16 нови фабрики и над 10.000 работни места во технолошко-индустриските развојни зони. Филипче тврдеше дека сега се бележи повлекување на компании и кратење на производствени линии, при што, како што рече, „илјадници работни места се под ризик“. Тој ја обвини Владата за „тотална негрижа“, посочувајќи на, како што наведе, буџетски дефицит од близу две милијарди евра, издавање две еврообврзници во вредност од една милијарда евра и барање нови 300 милиони евра задолжување. Филипче додаде дека СДСМ предложила зголемување на минималната плата и пренамена на буџетски средства, но дека власта го одбила предлогот. Според него, намалени се средствата за земјоделство и за пациенти со ретки болести, додека, како што рече, „има пари само за тендери блиски до врвот на ВМРО-ДПМНЕ“. „Нема напредок, нема дури ни стагнација – има назадување на сите процеси во државата“, изјави Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната…

Израелската армија започна нови напади врз Техеран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале…

ВМРО-ДПМНЕ контра Филипче: Ако Македонија е како…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната изјава на лидерот…

Иран: Го погодивме американскиот носач на авиони…

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) тврди дека го…

Експертите очајни поради војната во Иран –…

Затворањето на Ормускиот теснец може да предизвика…