(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше со јајца по Курти
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес повторно беше прекината откако лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти, повторно побара дополнително време за разговори со лидерите на другите партии за изборот на нов собраниски спикер.
Ова предизвика незадоволство кај пратениците, а додека Курти одеше од говорницата до своето место, пратеничката на Алијансата, Тиме Кадриај фрлаше јајца кон него, по што пратениците на Самоопределување станаа за да го заштитат.
На почетокот на конститутивната седница, кога се очекуваше да предложи кандидат за претседател на собранието, Курти, како и во четвртокот, побара дополнително време.
„Сè уште немаме политички договор, па за да избегнеме нови избори, барам дополнително време“, рече тој.
Конститутивната седница на косовското Собрание беше прекината и во четвртокот бидејќи Курти побара дополнително време за разговори со опозицијата за избор на нов спикер.
Рокот за конституирање на собранието истече на полноќ, бидејќи според одлуката на Уставниот суд, конституирањето на Собранието мора да се заврши во рок од 30 дена од потврдувањето на резултатите од изборите.
Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово не постигнаа договор за формирање на институциите во изминатите неколку дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…
Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…
Косовски државјанин е лишен од слобода откако…
Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…
Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…
Марта Кос за министерката што рече „етнички…
Марта Кос за министерката Снежана Пауновиќ изјави…
Косово прогласи српска министерка за персона нон…
Министерката за државна управа и локална самоуправа…