(Видео) Хаос во Тирана: Молотови коктели кон Владата на Рама, Бериша најави „погреб“ за режимот
Тензична ноќ во Тирана. Масовниот протест на обединетата албанска опозиција пред Владата брзо ескалираше во насилство, со фрлање молотови коктели, оштетување на инвентар и судири со полицијата.
Додека лидерите на опозицијата ја најавуваа својата „историска мисија“ за соборување на владата на Еди Рама, ситуацијата на терен излезе од контрола.
Говорот на лидерот на Демократската партија (ДП), Сали Бериша, беше проследен со звуци на експлозии и пламен. Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства директно кон владиниот објект, при што мораше да интервенира противпожарно возило за да го изгасне огнот. Толпата направи обид да го пробие силниот полициски кордон и успеа да откорне дел од металната ограда. Во хаосот, според првичните информации, повреден е еден полициски службеник.
Поздравен со овации „О Сали, хероју“, Бериша од говорницата упати жестоки обвинувања кон премиерот Еди Рама за корупција и вмешаност во трговија со дрога. Тој ја спореди ситуацијата во Албанија со онаа во земјите каде што народниот бунт ги собори владите.
„Мора да го собориме режимот исто како во Бангладеш, Непал, Шри Ланка. Рама и Социјалистичката партија се политички мртовци, на кои погребот ќе им го направиме ние“, порача Бериша.
Тој ја нарече оваа мобилизација „животна шанса“ за спас на Албанија од, како што рече, автократскиот диктатор кој планира да побегне откако ќе ја ограби нацијата. Главните барања остануваат непроменети: формирање техничка влада и спроведување на слободни избори.
Властите очигледно очекуваа вакво сценарио. Околу 1.500 полициски службеници од различни сектори беа ангажирани за безбедноста. На влезот на владината зграда беа поставени специјални метални заштитни мрежи, а колку била сериозна проценката за ризик говори и податокот дека превентивно биле дислоцирани новогодишната елка и вазните со цвеќе од пред објектот.
⚡ #AHORA | Se lanzan cócteles molotov contra la oficina del primer ministro de Albania en Tirana mientras los manifestantes de la oposición se enfrentan a la policía. pic.twitter.com/6GJlCPWRlK
— Mundo en Conflicto 🌎 (@MundoEConflicto) December 22, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во Тирана: Молотови коктели кон…
Тензична ноќ во Тирана. Масовниот протест на…
Ахмети: Јас не сум претставник на мачки,…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека…
Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211…
Денеска е извршена исплата на средства во…
(Фото) Фала Мицкоски: Меџити ја пречека албанската…
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити ja…
СДСМ: ДПМНЕ е македонска верзија на Монти…
Кога менуваат обвинител само за да си…