Објавено на:

(Видео) Црна вода со непријатен мирис тече во Градско!

t

Црна вода од чешмите во Градско – до кога? – прашуваат од Левица од каде нагласија дека ова е проблем веќе подолг период.

– Жителите на општина Градско веќе подолг период се соочуваат со сериозен и опасен проблем – од чешмите наместо чиста, питка вода, тече валкана, црна вода со непријатен мирис и сомнителна содржина. Ова не е само естетски или комунален проблем, туку директна закана по здравјето на сите граѓани, особено на децата и повозрасните.

Наместо основно човеково право – пристап до чиста вода за пиење – граѓаните добиваат понижување, ризик од инфекции и трошоци за купување флаширана вода.

До кога ќе се труеме со оваа нечиста вода? Кој ќе понесе одговорност? Дали треба да дојде до епидемија за конечно да се преземат мерки?

Бараме итна реакција од Општината и Јавното комунално претпријатие. Не бараме чуда – бараме само чиста вода, велат од Левица.

ВИДЕО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Црна вода со непријатен мирис тече…

Црна вода од чешмите во Градско –…

(Фото) Мигранти пронајдени во камион на бензинска…

Шест мигранти денеска се пронајдени во паркирано…

ТРАМП ГО УКИНА ОГРАНИЧУВАЊЕТО ЗА ВОДАТА ВО…

Откако со години се жалеше на тоа,…

Тешко повреден Косовец во сообраќајка кај Градско

Шеесет и едногодишен Косовец е тешко повреден…

Мотоциклист излетал од патот Прилеп-Градско, со тешки…

Прилепчанец со мотор излетал од патот Прилеп-Градско…