Објавено на:

(Видео) Шокантно сведоштво на мајката на претепаното дете во Скопје: Ова е обид за убиство!

t

Четиринаесетгодишник бил излезен во Ченто со своите братучеди. Добил повик од другарите да се најдат во парк, но таму наместо со нив, се сретнал со тројца возрасни кои веднаш почнале со навреди и насилство.

Прво бил претепан, а потоа седум пати избоден со нож, по што останал да лежи крвав сам среде парк. Ова е голготата што пред 10 дена ја преживеал тинејџер во Ченто. Неговата мајка вознемирена зборуваше за настанот.

„Едниот го удрил со пушка во глава, вториот го удирал по целото тело, а пак третиот со нож го избодел на грбот седум пати“, вели Џељана Селими, мајка на избоденото дете.

Напаѓачите веднаш избегале од местото. Случаен минувач повикал брза помош и полиција.

Мајката на детето Џељана Селими не е задоволна од тоа како службите го третираат случајот. Вели дека ова не е насилство, туку обид за убиство за што сторителите треба да одговараат.

„Детето не се чувствува безбедноно после тој инцидент, а ниту пак јас. Денеска е мое дете, а утре ќе биде некое друго дете. Не треба да се остави овој случај вака. Надлежните органи треба да го истераат случајот до крај. Овој случај дефинитивно не треба да се води како насилство, туку ова е обид за убиство“, додава Селими.

Од министерството за внатрешни работи (МВР) го потврдувааат случајот и велат дека работат за негово разрешување.

„Полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Ј., В.А. и В.С. од Скопје затоа што на 22.06.2026 околу 23:05 часот на подрачјето на Гази Баба, физички нападнале малолетно лице и му нанеле повреди со остар предмет. Со нив се извршени службени разговори и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од МВР.

Малолетникот веќе е пуштен дома, но живее во страв. Исто и неговото семејсто. Мајката вели дека немал никакви недоразбирања и не знае што е мотивот за нападот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Шокантно сведоштво на мајката на претепаното…

Четиринаесетгодишник бил излезен во Ченто со своите…

Конго: Бројот на починати од ебола надмина…

Бројот на смртни случаи од ебола во…

Несекојдневен инцидент: Возило од придружбата удрило во…

Денес во центарот на Загреб се случи…

Мицкоски: Владата нема да прифати уставни измени…

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата ќе…

Мицкоски: Нема да бидам кандидат за претседател…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва во…