(Видео) Јовановска до Ѓорѓиевски: Потрошивте 500 илјади евра за одржување на фонтани, а фонтаните не работат
Фирмата Хидротек ДООЕЛ Скопје го доби тендерот за одржување на фонтаните во Скопје. Станува збор за фонтани на 7 локации во градот Скопје, меѓу кои и фонтаната џампинг џет на Плоштадот, фонтаните кај црквата Пресвета Богородица и фонтаната на Паднатите херои спроти Собрание. Овие фонтани се обраснати со трева, полни се со ѓубре, смрдат на измет, велат од Левица.
„Ниту се одржуваат, ниту работат! Битно се потрошени 500 илјади евра! Исто така и малите фонтани за пиење вода се со слична приказна – голем дел од нив не работат, а оние што работат пливаат во вирчиња од сите страни, па и да сакате не можете да им се приближите. Очигледно кога градоначалникот Орце Ѓорѓиевски викаше дека не е дојден да прави вирчиња, туку бранови, излезе дека требало буквално да го сфатиме, зошто нема фонтана која што нема вирче околу неа“, рече Катерина Јовановска, советничка во Град Скопје од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Јовановска до Ѓорѓиевски: Потрошивте 500 илјади…
Фирмата Хидротек ДООЕЛ Скопје го доби тендерот…
Грција најавува мерки за побрз премин на…
На проблемите со долгото чекање на копнените…
НБРМ: Основната каматна стапка зголемена за 0,25…
На 16 јуни 2026 година се одржа…
Јотова: Палењето на дипломатските возила е напад…
Палењето дипломатски автомобили во Скопје, кои се…
ВМРО-ДПМНЕ: Фирмите кои Јон Фрчкоски ги наброја…
Јон Фрчкоски, синот на истакнатиот идеолог на…