Вицепремиерот Александар Николоски ја обвини ЕУ за евентуална криза во транспортната и челичната индустрија

t

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Собранието порача дека Владата го поддржува барањето за одложување на примената на европскиот систем ЕЕС за транспортерите. Тој нагласи дека извршната власт застанува зад ставот на Комората на странските инвеститори и најави средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

„На последната владина седница го задолживме Министерството за надворешни работи повторно да побара одложување на овие правила. Се надевам дека заедничкиот притисок ќе даде резултат, бидејќи станува збор за сериозен удар врз економијата на целиот Западен Балкан“, рече Николоски.

Тој посочи дека разговорите со Европската Унија траат повеќе од една година, но без конкретен напредок. Според него, примената на ЕЕС може да доведе до затворање на компании и странски инвестиции во регионот, вклучително и фирми од земји членки на ЕУ.

„Разговарав со еврокомесарот за транспорт Цицикостас и со генералната директорка за мобилност и транспорт при Европската Комисија, Магда Копцинска и се обидов да им објаснам најпластично дека ова ќе значи смрт за економијата во регионот и ќе значи затворање на бројни странски инвестиции кои доаѓаат од земји-членки на ЕУ. Намерно го користам регионот, бидејќи се однесува на цел западен Балкан, а не само на Македонија“, истакна вицепремиерот.

Николоски предупреди дека транспортерите имаат проблем со обезбедување работни визи бидејќи немаат еден конкретен работодавач во земјите од Шенген-зоната, а најчесто само транзитираат низ нив.

„Новите правила и штетат на домашната економија, драстично ќе ја намалат работата на транспортерите, а на удар директно ќе биде транспортниот сектор и челичната индустрија“, порача Николоски од собраниската говорница.

За евентуалниот колапс на челичната индустрија, Николовски одговори дека кон Западен Балкан не може да се постапува како кон трети земји, дојдавајќи дека „ЕУ не се ни свесни со каков проблем се соочуваме. Фени се затвори, со вакви линеарни политики можеме да заклучиме што ќе се случува со големите производители на челик во земјава“, истакна вицепремиерот.

Одговарајќи на прашање од опозицијата, тој додаде дека мерките нема да влијаат само на работните места, туку и на работењето на компаниите и нивната финансиска стабилност. „Регионално се соочуваме со сериозни економски предизвици кои можат силно да се одразат врз стопанството“, нагласи Николоски.

Инаку, превозниците од регионот на 26 јануари излегуваат со блокади на границите со земјите од Шенген зоната поради новиот ЕЕС систем. Станува збор за нов дигитален систем за регистрирање на влезовите и излезите на државјани од трети земји на границите на ЕУ и Шенген зоната кој почна да се применува на 12 октомври 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вицепремиерот Александар Николоски ја обвини ЕУ за…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека…

Зазиданите евра не биле од лозјата туку…

Одбраната на судијата Ѓоко Ристов ќе докажува…

Норвешка ги подготвува граѓаните за војна: Илјадници…

Норвешките власти испратија илјадници писма до граѓаните…

(Видео) Еве како изгледаше денешниот протест предцементарница…

Под мотото „Дојди на блокада против труењето…