Објавено на:

Вијести: Граѓаните на Црна Гора не можат да влезат во Србија?

t

Граѓаните на Црна Гора наводно не можат да ја преминат границата со Србија, поради репресивни мерки што ги усвои власта во Белград по протерувањето на повеќе од 80 српски државјани од аеродромот Тиват поради закани по националната безбедност, изјавија за подгорички Вијести неколку извори од безбедносниот сектор.

Според истите извори, до 19:30 часот, ниту еден црногорски државјанин не преминал во соседната земја на граничните премини Гостун, Јабука и Драченовац на територијата под надлежност на српската полиција.

„Нашата полиција спроведува засилени контроли и, како и обично, влезот е дозволен на сите што немаат безбедносни проблеми. И покрај ова, од 19:30 часот, присуството на српската полиција беше зголемено и тие преземаат засилени мерки само за црногорските државјани… Небаре е забрана“, рече еден од изворите на Вијести.

Полицијата неофицијално за „Вијести“ изјави дека на граничните премини во Србија, на влезот во Србија од Црна Гора, протокот на сообраќај за црногорските граѓани е отежнат поради наводно детални контроли што ги спроведува српската гранична полиција.

На граѓаните на Црна Гора не им е дозволен влез во Србија на граничниот премин Гостун, јави Н1 но без потврда официјална за информацијата. На преминот се формирани колони возила, што може да се види и на камерите на МВР на Србија, јави Н1.

Денеска група од 87 мажи, од кои некои се регистрирани како лица од безбедносен интерес, кои утрово пристигнаа во Црна Гора со чартер лет од Белград, беа приведени во Тиват и не им беше дозволено да влезат во Црна Гора. Авионот слета во Белград попладнево, а сето ова се случуваше пред самитот Европска унија-Западен Балкан, кој започнува утре, а на кој треба да присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вијести: Граѓаните на Црна Гора не можат…

Граѓаните на Црна Гора наводно не можат…

Tрамп призна дека избувнал и го нарекол…

Се појавија нови детали за наводната жестока…

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ПОВТОРНО СЕ БЛИЖАТ ДО…

Цените на нафтата денес на меѓународните пазари…

Стефан Богоев и уште тројца одат во…

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…

Рубио тврди дека војната е завршена и…

Додека Вашингтон испраќа пораки дека воената операција…