Влада повторно ќе се задолжува кај граѓаните: До средината на декември нова Граѓанска обврзница
Државата повторно ќе се задолжува кај граѓаните.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска најави дека најдоцна до средината на декември ќе биде објавена новата емисија Граѓански обврзници.
За сега нема детали, ќе се знаат откако ќе се објави проспектот. Граѓанската обврзница, како нов инструмент на домашниот пазар, се воведе во 2023 година. Досега се издадени 2 емисии во вкупен износ од 41,1 милион евра.
Месецов на сметките на граѓаните кои запишаа обврзници од втората Граѓанска обврзница која беше издадена на 7 ноември 2023 година со рок на достасување од 2 години и каматна стапка од 5% годишно, легнаа 17,6 милиони евра главницата и 880.000 евра за камата за втората година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Влада повторно ќе се задолжува кај граѓаните:…
Државата повторно ќе се задолжува кај граѓаните.…
Операција „Орош“ во Албанија: По 12 часа…
Албанската полиција по долготрајна и високоризична операција…
Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше,…
Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше,…
Побегна еден од осудените за несреќата во…
Во делот „Потраги“ на сајтот на МВР,…
Млад затвореник од струшко почина во болница…
Триесет и тригодишник од струшкото село Октиси…