Владата го намалува ддв-то на горивата од 18 на 10 отсто

t

Владата го намалува ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти. По две недели силен раст, во кои дизелот поскапе за околу 30, а бензините за 17 проценти, од Илинденска конечно излегоа со мерка.

Според најавите, од вторник бензините најверојатно ќе останат на сегашното ниво, а дизелот сепак ќе поскапи за околу три до три и пол денари по литар. Мерката ќе важи две недели, а Мицкоски порача дека и покрај поскапувањата, земјава и натаму има едно од најевтините горива во регионот.

Премиерот очекува дополнителен попуст од ОКТА, барем за дизелот, за да се ублажи новото поскапување. Вели дека интересот од соседството ја зголемил потрошувачката на гориво во земјава за 10 проценти, но засега нема да има ограничувања. Според Мицкоски, намалувањето на ДДВ е поефикасно од кратење на акцизата. Тој вели дека енергетската слика во државата е стабилна, но притисок врз цената на струјата создава високата цена на мазутот, поради што Владата ќе интервенира и со 2.000 тони од државните резерви за ЕСМ. Со двете мерки, ќе се заштитат транспортот, услугите и цените на храната, уверува премиерот.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека мерките доаѓаат со задоцнување и дека не се доволни за да го амортизираат ценовниот удар што граѓаните веќе го почувствуваа на бензинските пумпи во изминатите две недели.

Нарекувајќи го намалувањето на ДДВ-то „половична мерка“, Филипче ја повика Владата да ги намали акцизите на горивата за 4 денари, да го укине ДДВ-то за основните прехранбени производи и да ги преполови патарините. Македонија е меѓу последните земји во регионот што носат мерки за ублажување на ценовните шокови

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата го намалува ддв-то на горивата од…

Владата го намалува ДДВ-то за горивата од…

(Видео) Филипче: Мерките за горивата се задоцнети…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро ја…

Иран: Енергетските објекти во земјите со американски…

Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, изјави дека заканите…

Русија ќе има корист од долга војна…

Володимир Зеленски кажа дека се плаши од…

Странци точат до 150.000 литри гориво секој…

Владата засега нема да воведува ограничувања за…