Владата донесе одлука: Бремените и хронично болните се ослободуваат од работа – еве во кои градови!

t

По Кичево и Струмица, од денеска итните мерки против аерозагадувањето се активираат и во Скопје, откако мерните станици покажаа надминување на дозволените концентрации на загадувачки честички во повеќе скопски општини. Зголемената магла дополнително ја влошува состојбата, а високи нивоа на загаденост се регистрирани и во други градови низ државата.

Министерството за животна средина и просторно планирање ги активираше протоколите за заштита на јавното здравје, со посебен акцент на заштита на најранливите категории граѓани.

Кои категории се ослободуваат од работа
Согласно владините мерки, работодавците имаат обврска да ги ослободат од работни обврски следните лица:

бремени жени,
лица постари од 60 години,
лица со хронична астма,
лица кои прележале миокарден инфаркт или мозочен удар, без оглед на возраста.
Апел од лекарите
Пулмолозите упатуваат апел до граѓаните да го сведат престојот на отворено на минимум, особено ако немаат итна потреба да излегуваат.

„Најкритични се раните утрински и доцните вечерни часови, кога концентрациите на штетни честички се највисоки. Доколку е неопходно движење, препорачуваме користење на јавен превоз наместо сопствени возила“, советуваат лекарите.

Надлежните институции апелираат граѓаните редовно да ги следат препораките и официјалните соопштенија сè додека трае епизодата на загаден воздух.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата донесе одлука: Бремените и хронично болните…

По Кичево и Струмица, од денеска итните…

Татко од Велес ја бара 13-годишната ќерка…

Педесетгодишен жител на Велес ноќеска, околу 02:20…

Пресуда за мобинг во Алфа ТВ: Јани…

Четиригодишна голгота по сите судски лавиринти заврши…

Минимална плата од 510 евра од 1…

Албанската влада донесе одлука со која, од…

Тајмс: Ненадејно починал клучниот сведок за случајот…

Клучен сведок во истрагата за наводните платени…