Владата одлучи: Заловените крави од Крива Паланка ќе се продаваат на јавен оглас!

t

Владата донесе одлука Агенцијата за храна и ветеринарство да ги продава заловените крави од Крива Паланка преку јавен оглас, на кој ќе можат да се пријават регистрирани кланици и месарници.

Од агенцијата велат дека досега се фатени 84 крави, кои по извршен здравствен преглед ќе бидат понудени на продажба. Оваа мерка доаѓа во услови кога, според проценките, во регионот има околу 600 крави кои долго време шетаат без надзор и предизвикуваат материјални штети.

Градоначалникот Сашко Митовски изрази загриженост дека поранешните сопственици ги колат животните и ги продаваат на црниот пазар, што дополнително ја влошува ситуацијата.

Одлуката ќе важи не само за кравите од Крива Паланка, туку и за сите животни што ќе се одземат од неодговорни сопственици согласно Законот за благосостојба на животните.

Целта на мерката е да се спречи понатамошно штетно постапување со животните и да се обезбеди нивна одговорна продажба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата одлучи: Заловените крави од Крива Паланка…

Владата донесе одлука Агенцијата за храна и…

Вучиќ најави масовно вооружување: Србија купува нови…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска најави нов…

Окта им даде попуст на трговците од…

Од денес па до крајот на месецов,…

Ердоган: Турција нема да биде вовлечена во…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави…

Фатмир Лимани одговори на прашањето од Вреди…

Министерот за социјална политика, демографија и млади,…