Владимир Панчевски поднесе кривична пријава против членовите на Судскиот совет
Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој вчера не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави кривична пријава против членовите на Советот на обвинители објави за злоупотреба на службена положба. Панчевски во два одделни Фејсбук статуси обвинува за свесно кршење на законот и вршење на „селективна правда“.
Според него, членовите на Советот на вчерашната седница на која се разгледувале кандидатурите за нов државен обвинител ја искористиле својата службена положба и ги пречекориле границите на своето службено овластување, постапувајќи спротивно на член 62 став 1 алинеја 1 од Законот за јавно обвинителство при разгледување на неговата пријава.
„Заради вистината ќе споделам со вас дека Советот на јавни обвинители денес при очи сите не направи слепи, исто како што бевме убедувани дека сме слепи едно не така одамна мрачно време за референдумот на кој не сме гласале, а бил изгласан со мнозинство. Народот не е глупав, не е ниту слеп, ниту неписмен, но е погазен, еве по којзнае кој пат. Селективната правда нема да престане, а процедурата ќе се истурка како “секое чудо за три дена”, за скоро ќе се избере нов Јавен обвинител и се ќе биде, како до сега! Криењето зад советот со вакво небулозно оправдување дека сум немал стаж е уште еден срам кој историјата ќе го запише“ вели Панчевски.
Тој јавно ја повика Владата да ја поништи постапката, тврдејќи дека Советот нема надлежност да ги толкува законите, туку само да ги применува, додека автентичното толкување е во рацете на Собранието.
Советот вчера го дисквалификуваше Панчевски од понатамошниот процес, зашто констатирал дека тој не го исполнува условот од најмалку 10 години непрекинат работен стаж од областа на кривичното право.