Власта и опозиција се скараа за загадувањето, се бара итна седница на Советот на Град Скопје за вонредни мерки
Бесплатен превоз, пари за филтри, еколошко греење, чистење, опозициската СДСМ излезе со конкретни мерки за справување со загадениот амбиентален воздух во Скопје и бара итна вонредна седница на советот за проблемот со загадувањето. Од каде велат дека официјалните податоци покажуваат екстремно присуство на штетни материи во воздухот и метрополата е најзагаден град во Европа. Целото население особено ризичните категории деца, млади, возрасни и хронично болните се директно изложени на сериозни здравствени ризици.
Од владеачката ВМРО ДПМНЕ со свој одговор на реакцијата од СДСМ за аерозагадувањето, велат дека навистина е лицемерно тие да зборуваат за загаден воздух.
ВМРО ДПМНЕ – За седум години можеа барем за 10% да го намалат загадувањето на воздухот, ама приоритет им беше градење згради, како што сакаа во Ѓорче во Хром да никнат 100 згради во 2020 година и Расадник исто така 100 згради исто периодот 2020 година. Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС се гледа и во рејтингот.
Од СДСМ се децидни дека ВМРО-ДПМНЕ не може да побегне од фактот дека скопјани се гушат во загаден воздух а владата не преземала ништо за тоа и прашуваат каде исчезнала ветената милијарда од премиерот за чист воздух и намалувањето на загадувањето за 50 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Власта и опозиција се скараа за загадувањето,…
Бесплатен превоз, пари за филтри, еколошко греење,…
ФБИ ја игнорирало пријавата против Епстин уште…
Марија Фармер, чија сестра Ени била злоставувана…
ЕК спушти „рампа“ за ИПАРД 3? Висат…
Дали Европската Комисија (ЕК) воведе целосна суспензија…
Мицкоски објави дека со министрите работат и…
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека и во…
ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА: Жена и маж од…
Двајца државјани на Македонија, маж и жена…