Власта не го усвои предлогот на СДСМ членовите на Владата да имаат само македонско државјанство

t

Собранието не го усвои предлогот на СДСМ по скратена постапка да се донесат измени на Законот за Влада со кој се предлага функционерите и членовите на Владата да имаат само македонско државјанство.

Од 84 присутни пратеници на денешната седница на Собранието, „За“ гласаа само 20 пратеници. Претходно пратеникот Оливр Спасовски од СДСМ, кој е еден од предлагачите на законските измени, објасни дека предлагаат и членовите на Владата да имаат само македонско државјанство, по примерот со предлогот за измени на законот за пратеници со кој се предлага вакво решение за нив.

-Со ова законско решение ќе ограничиме дека само државјаните на Република Северна Македонија ќе може да бидат членови на Влада. На овој начин ќе ги исполниме и очекувањата на граѓаните, кои сметаат дека вакво законско решение би било исправно, пратениците кои ќе служат на граѓаните да бидат државјани на оваа држава и да се тргнат луѓето кои имаат некакви други интереси. Сега гледатем имаме бугарски, чешки државанства, тоа е нешто кое сега официјално го имаме од членовите на Владата. Зборувам конкретно за министерката Божиновска, изјави Спасовски на седницата.

За пратениците од владејачкото мнозинство ова не беше доволно добро образложение.

Од СДСМ се јавија со партиска реакција:

Денеска има уште едно признание од ВМРО-ОКГ, партијата полна со бугарски пасоши.

Одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ, за министрите, вицепремиерите и министрите во Владата да не може да имаат двојни државјнаства.

Го признаа Преспанскиот договор како ремек дело на дипломатијата.

Признаа дека со Препснаскиот договор македонскиот јазик, национален идетнитет и култура се заштитени.

Го признаа НАТО.

И сега дојде уште едно признание:

Имаме Влада полна со функционери, министри, сите со бугарски пасоши и бугарски државајнства.

Со години ширеа хистерија, страв и лаги дека некој ќе го избрише македонскиот идентитет, а денес токму тие – со бугарски пасоши во џебовите.

Одбивањето на Законот ја разобличува целата нивна лицемерна политика. Никого повеќе не можат да излажат.

Истите тие со бугарски пасоши не дозволуваат внесување на малцинствата во Уставот и намерно ја блокира европската иднина на државата.

Додека го блокираат европскиот пат на Македонија и намерно создаваат конфликти со Бугарија, многу функционери од ВМРО-ОКГ си обезбедија бугарски пасоши – пасоши на ЕУ.

Антонио Милошоски од Вазараждане, Софија.

Никола Мицевски од Ќустендил.

Сања Божиновска од Софија.

Стефан Андоновски од Ќустендил.

Марија Андоновска од Благоевград.

Бојан Стојановски од Благоевград.

Иван Јорданов од Ќустендил.

Игор Здравковски од Ќустендил.

Марија Петрушевска од Средец.

Александар Пандов од Средец.

Петар Богојески од Обориште.

Вицепремиери, министри, пратеници, градоначалници, директори, функционери на ВМРО-ОКГ. – стои во реакцијата од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Власта не го усвои предлогот на СДСМ…

Собранието не го усвои предлогот на СДСМ…

Влада: Институциите активно работат на изнаоѓање на…

Денес претседателот на Владата Христијан Мицкоски одржа…

Форумот на жени на СДСМ против омразата…

Прес конференција, Каја Шукова, претседателка на Форумот…

ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ е еден од „семејните кадри“…

Катерина Коларевиќ, обвинителката која ја стопираше истрагата…

СДСМ: Македонија е шеста најсиромашна земја во…

Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа,…