ВЛЕН: Груби ита кон целосно соборување на Али Ахмети

t

Соопштение на ВЛЕН:

Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник. Црната кутија на владеењето на ДУИ се стави на располагање на правдата. Вистината неизбежно ќе почне да излегува на површина.

Артан Груби не беше обичен функционер. Тој беше извршител, координатор и доверлив човек за сите клучни одлуки во изминатите години. Од задкулисни договори, преку сомнителни тендери, до политички пазари, Груби беше присутен секаде каде што се кроеше моќта на ДУИ. Затоа денес не станува збор само за индивидуална одговорност, туку за систем што почнува да се расплетува.

Во ДУИ знаат зошто владее паника. Стравот не е од правдата, туку од тоа што Артан Груби знае премногу. Тој е сведок на сите матни зделки, на сите политички конструкции и на сите договори кои со години се правеле на штета на граѓаните. Куќниот притвор е последица на подготвеноста на Груби институционално да се соочи со сопствените гревови. Поентата е дека институциите конечно ја отвораат темата што ДУИ со години ја закопуваше, како се управуваше моќта и каде завршија одлуките и парите.

По катастрофалниот пораз на локалните избори и по распадот на лажните ветувања за предвремени избори и „сигурен” влез во Влада, ДУИ се соочува со најтешкиот момент во своето постоење.

Враќањето на Груби не е крај на процесот. Тоа е почеток. Почеток на расплет кој може да доведе до целосно разобличување на начинот на кој функционираше ДУИ. Прашањето повеќе не е дали ќе има политички последици, туку колку длабоки ќе бидат тие.

Ако црната кутија е Груби, тогаш нејзиното преслушување значи директен удар врз Али Ахмети. И додека јавноста очекува правда, останува да се види кој сè ќе мора да понесе одговорност во деновите што следуваат. Од денес, ДУИ веќе не ја контролира приказната, приказната почнува да ја контролира ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Груби ита кон целосно соборување на…

Соопштение на ВЛЕН: Стариот лисец Али Ахмети…

Реконструкција на Владата во јуни, кои министри…

Реконструкцијата на Владата, која се очекува да…

Спасеновски: Светот влегува во ера на „природна…

Универзитетскиот професор Александар Спасеновски, во анализа за…

Петрушевски: Се плаши ли СДСМ затоа што…

Со мерката куќен притвор за Артан Груби…

Тренчевска: Никој во СДСМ не се плаши…

СДСМ воопшто не се плаши од тоа…