ВМРО-ДПМНЕ: Блокадата за Изборниот законик може да значи загуба на европски средства

t

Тоа што не се донесе Изборниот законик е доказ дека СДС, Левица и ДУИ, го блокираат напредокот на државата, а политичките игри им се пред интересот на граѓаните, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

-Недонесувањето на новиот Изборен законик е уште еден доказ дека СДС, Левица и ДУИ се подготвени да го блокираат секој процес што значи напредок за државата, само заради сопствени политички интереси. Изборниот законик не е прашање на дневна политика, туку важен реформски процес. Неговото донесување е потребно за усогласување со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, за исполнување на обврските од Реформската агенда и за обезбедување дополнителен напредок и придобивки за граѓаните, велат ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, Македонија успешно реализираше 9 од 10 реформи од Реформската агенда. Единствената пречка е блокадата предводена од СДС, Левица и ДУИ.

-Однесувањето на СДС, ДУИ и Левица покажува дека кога имаат можност, наместо да работат за државните интереси, избираат опструкции и политички калкулации. За нив поважна е партиската стратегија отколку напредокот на Македонија и придобивките за граѓаните. СДС, ДУИ и Левица наместо да преземат одговорност и да придонесат за донесување на закон што е во интерес на сите, тие се обидуваат да создадат политичка драма и да се претставуваат како жртви. Граѓаните треба да знаат кој го кочи развојот и кој работи против реформите. Пропуштената можност за навремено усвојување на Изборниот законик значи и ризик од губење на дополнителни средства и можности од Планот за раст, стои во соопштението.

Владејачката партија додава дека политичките игри на СДС, ДУИ и Левица нема да го спречат патот на реформите. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за напредокот на државата, а одговорноста за блокадите останува кај оние што ги предизвикуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Блокадата за Изборниот законик може да…

Тоа што не се донесе Изборниот законик…

Шпанија прими над милион барања за легализација…

Шпанија прими повеќе од еден милион барања…

Изгаснат пожарот што вчера гореше кај Охрид

Со брза интервенција на Територијалната противпожарна единица,…

Иран: Нема да дозволиме САД да се…

Иран нема да дозволи САД да се…