ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата, СДС, ДУИ и Таравари го штитат со молк

t

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

„Валбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари,  покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност.

Токму тоа е суштинската разлика меѓу политичарите кои преземаат одговорност и оние кои секогаш бараат изговори.

Кога целиот град е погоден од ваков сериозен проблем, граѓаните не очекуваат оправдувања, туку отчетност. Ако градоначалникот не е одговорен за работата на луѓето што самиот ги поставил да раководат со јавните претпријатија, тогаш кој е?

Дополнително загрижува молкот на СДС, ДУИ и Таравари. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, тие избраа да молчат. Очигледно, кога станува збор за нивни функционер, стандардите се менуваат, а принципите исчезнуваат.

Никој не смее да биде заштитен од политичка или институционална одговорност. Ги повикуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот, без селективност и без политички калкулации.

Граѓаните на Гостивар заслужуваат одговорност, а не ароганција, заслужуваат градоначалник кој ќе стои зад своите одлуки.

Оттука, сметаме дека моралната одговорност и политичките последици за Валбон Лимани се неизбежни доколку сака да покаже почит кон граѓаните на Гостивар.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за…

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ „Валбон Лимани, кандидатот на…

Тошковски и Клековски во Гостивар – почнуваат…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и…

Триесетдневен притвор за раководството на гостиварски Комуналец

По 30 дена затворски притвор добија тројцата…

Насилник од Гостиварско го ранил со нож…

Во Гостиварско 42-годишен насилник со нож го…

Маж од Гостивар загина во сообраќајна несреќа…

Италијанските медиуми пишуваат за страшна сообраќајна несреќа…