ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија против новиот Изборен законик
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со поднесување на над 10.000 амандмани го блокираат носењето на новиот Изборен законик, за кој, како што наведуваат, со месеци се воделе разговори меѓу политичките партии со цел да се постигне широк консензус.
Според владејачката партија, СДС се противи на воведувањето електронско гласање за македонската дијаспора, бидејќи, како што тврдат, ја изгубила довербата кај граѓаните во земјата и во странство.
„Истите тие кои со своите политики придонесоа илјадници граѓани да ја напуштат Македонија, денес сакаат тие луѓе да останат без полесен пристап до избирачкото право“, се наведува во соопштението.
Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува и Левица дека, иако нејзините предлози во текот на преговорите биле прифатени, сега го блокира законот заедно со СДС. Од партијата тврдат дека двете опозициски партии „функционираат како едно“ и дека со големиот број амандмани ја кочат реформата на изборното законодавство.
ВМРО-ДПМНЕ ги повика СДС и Левица да ги повлечат, како што ги оценуваат, „бесмислените амандмани“ и да овозможат донесување на новиот Изборен законик, кој, според нив, треба да обезбеди помодерен и поефикасен изборен процес, вклучително и електронско гласање за македонската дијаспора.
Партијата оценува дека граѓаните заслужуваат функционален изборен систем и дека реформите не треба да бидат блокирани од, како што наведуваат, партиски интереси на опозицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…
Мицкоски: СДСМ во коалиција со Левица поднесоа…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,…
ВМРО-ДПМНЕ: Паниката и стравот од пораз ги…
СДС и Левица уште еднаш покажаа дека…
Апасиев: Левица ќе го блокира Изборниот законик…
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната…
Левица: Директорот Апостоловски трета година по ред…
Од Левица реагираат дека Скопје и ова…