ВМРО-ДПМНЕ: Ги потсетуваме СДСМ, Жерновски и Филипче дека се опозиција во Македонија, а не во Србија

t

Андреј Жерновски е човек кој 30 години нема направено ништо добро за државата, а исто толку години е во политиката, се вели во дел од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на членот на Извршниот одбор (ИО) на СДСМ.

На наводите на Жерновски дека секоја изјава и политика на премиерот се лага, од владејачката партијата одговараат дека функционерот во СДСМ е човек без грам кредибилитет, кој пред да кажува кој говори вистина, а кој лага, треба прво сам да се погледне во огледало.

„Внук на бугарски кмет, неуспешен политичар, неуспешен дипломат, самопрогласен амбасадор, човек без ‘рбет, став и достоинство, измеќар на Заев и Филипче – Андреј Жерновски. Тој е истиот оној кој лажеше дека трибина од стадион кај и да е ќе падне, па еве по 15 години уште стои. Како пред 15 години, така и денес – лаже. Истата шема, истите лаги, истите луѓе“,се наведува во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, Жерновски преминал од Либерално-демократската партија (ЛДП) во СДСМ само затоа што така му наредил поранешниот лидер на социјалдемократите и експремиер Зоран Заев. Затоа, додаваат оттаму, тој толку ревносно го брани актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче.

Во врска со тврдењата и обвинувањата за назначувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул на Македонија во Србија, од владејачката партија повторуваат дека предлогот за тоа дошол од амбасадорот на земјава во Белград, именуван во времето на владата на СДСМ и ДУИ.

„Дополнително, споменатото лице ги исполнува сите критериуми за негово поставување за конзул. До следната лага искажана од СДС, Жерновски или Филипче, ги потсетуваме дека се опозиција во Македонија, не во Србија“,додаваат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Инаку, Жерновски на денешната прес-конференција рече оти е лага дека амбасадорот на земјава во Србија го предложил Адамовиќ за почесен конзул. Како што наведе членот на Извршниот одбор на СДСМ, конзул се назначува на предлог на Владата, која за тоа тоа одлучува на седница.

Надоврзувајќи се, тој изнесе и тврдења според кои назначувањето на Адамовиќ произлегува од блиските врски на ВМРО-ДПМНЕ со владејачката Српска напредна партија (СНС), чиј висок функционер е почесниот конзул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Ги потсетуваме СДСМ, Жерновски и Филипче…

Андреј Жерновски е човек кој 30 години…

Министерот за здравство Азир Алиу: Бараме решение…

На една недела пред одбележување на годишнината…

Во Хрватска, воената служба се враќа по…

Денес, првите 800 регрути ја започнуваат својата…

Трамп изјави за Си-Би-Ес дека војната против…

Претседателот Доналд Трамп во понеделник му рече…

НАТО потврди дека пресретна ракета што се…

НАТО потврди дека пресретна уште една ракета…