ВМРО-ДПМНЕ: Им кажа ли Филипче на сестринските партии дека пет дена славеше во Скопје изборна победа на европска држава, на партија дел од ЕПП

t

Добро е што Венко Филипче од Блиски Исток сега се концентрира на европски простор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но тоа не се случи затоа што Филипче се отрезнил и сфатил дека, сепак, фокусот треба да му биде на Македонија и на Европа, туку тоа е резултат на кризата во тој дел на светот, каде што во друштво на Зоран Заев беше чест посетител, инвеститор и сопственик на недвижности и на златна виза.

Туку да го прашаме, им кажа ли Филипче на сестринските партии дел од Партијата на европски социјалисти (ПЕС), дека во Скопје пет дена еуфорично славеше победа во европска држава, каде што убедливо победи партија дел од Европската народна партија (ЕПП)? Им кажа ли Филипче дека, без никаква задршка, го славеше изборниот пораз на сестринската партија во Унгарија, која освои само околу 1% од гласовите“, прашуваат од партијата на власт. Инаку лидерот на СДСМ, Венко Филипче, претходно од Брселона порача дека проширувањето на ЕУ мора да продолжи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Им кажа ли Филипче на сестринските…

Добро е што Венко Филипче од Блиски…

(Видео) Филипче: Новиот закон за високо образование…

Новиот закон за високо образование е мафијашки…

(Видео) Брза реакција на припадник на АРМ,…

Припадник на Армијата со брза и пожртвувана…

Цените во земјоделството растат – зеленчукот поскапе…

Цените во земјоделството во март 2026 година…

Грчки полицајци: Срамно е она што се…

Унијата на полициски службеници од Кукуш реагираше…